Онхоцеркијаза, позната како речно слепило и Роблесова болест, е болест предизвикана од инфекција со нематоден црв Onchocerca volvulus. Симптомите вклучуваат неподносливо чешање, поткожни грутки и слепило. Ова е втор најчест причинител за слепило кој се должи на инфекција по трахомата.
Околу 15.5 милиони луѓе во светот имаат речно слепило.
Причинител и дијагноза Нематодниот црв се пренесува преку убоди од црна мува од родот Simulium. Потребни се повеќе убоди пред да настане инфекцијата. Мувите живеат покрај реките, па оттаму доаѓа името на болеста. Кога ќе влезе во човекот, црвот создава ларва која излегува на површината од кожата. На овој начин ќе ја инфицира следната црна мува која ќе му направи убод на човекот. Постојат повеќе начини за дијагноза, вклучувајќи: биопсија на кожата со нормален физиолошки раствор и чекање ларвата да излезе и проверка на очите за појава на ларви, и преглед на поткожните грутки за присуство на возрасни црви.
Превенција и лекување Не постои вакцина против болеста. Превенцијата вклучува избегнување на убоди од муви. Тука може да се опфати употребата на средство против инсекти и соодветна облека. Потоа, се прави напор да се намали популацијата на муви со прскање инсектициди. Со лекување на цели групи луѓе двапати годишно се прави напор да се отстрани болеста на неколку места во светот. Заразените се лекуваат со лекот ивермектин, кој се дава на секои шест до дванаесет месеци. Лекот ги уништува ларвите, но не и возрасните црви. Лекот доксициклин, кој ги убива поврзаните бактерии наречени Wolbachia, ги ослабува црвите, па некои го препорачуваат за употреба. Можно е и хируршко отстранување на поткожните грутки.
Епидемиологија и историја Од 17 до 25 милиони луѓе се заразени со речно спелипо, а околу 800.000 луѓе делумно го имаат изгубено видот. Повеќето инфекции се појавуваат во Екваторска Африка, но има и пријавени случаи во Јемен и во изолираните области на Централна и Јужна Америка. Во 1915 година, докторот Родолфо Роблес бил првиот кој го поврзал црвот со очната болест. Во Светската здравствена организација ја нарекуваат запоставена тропска болест.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Тропски болести Категорија:Очни болести Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ