Марта Арсовска Томовска ( во Скопје) — министер за информатичко општество и администрација на Македонија во периодот 2015–2017. Претходно била заменик-министер во истото министерство.Марта Арсовска-Томовска – министерка за информатичко општество

Животопис Арсовска-Томовска е родена е на 1 март 1973 година во Скопје. Дипломирала на електротехничкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

До 2011 година, таа работела на раководни функции во Првиот семрежен услужник во Македонија и во „Ултра компјутер“. Учествувала во управувањето со систем-интеграторски проекти имплементирани во министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, министерството за труд и социјална политика, Царинската управа, Управата за јавни приходи. На нејзина иницијатива во 2004 година бил реализиран проектот за бришење на Македонија од црните листи на небезбедни земји за интернет трговија и воспоставена е „Култура за интернет безбедност“. Била член и на експертската работна група за подготвување на стратегија за имплементација на FWA/WIMAX електронски мрежи во Македонија.

Во 2011 година е назначена за заменик-министер за информатичко општество и администрација. Од јануари 2013 година е член на големото жири на Светскиот самит за награди кој е организиран во партнерство со Обединетите нации, а од септември 2014 е и неизвршен член во одборот на директори на World Summit Awards. Добитник е на различни признанија, а била избрана и меѓу најдобри 10 менаџерки на годината.

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за информатичко општество и администрација на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје