„Соло ѕвезда“ (англиски: Solo Star) е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2006 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како петта книга), објавен на македонски јазик во 2012 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“. Содржина Романот се состои од следниве поглавја:Синди Џефрис, Училиште за славни - Соло ѕвезда Скопје: Детска радост, 2012. Важниот ден Нова ѕвезда во подем Катастрофа Вечер за помнење Пробивање Денот на концертот Возбудливи моменти Уште малку Клои пее Забавата

Технички податоци Книгата има 84 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-113-1. Преводот го извршила Славица Арсова, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.Синди Џефрис, Училиште за славни - Соло ѕвезда Скопје: Детска радост, 2012.

Наводи

Категорија: Книги од 2006 година Категорија:Романи за деца Категорија:Англиски романи Категорија: Изданија на Детска радост Категорија: Дела на Синди Џефрис Категорија:Појавено во 2012 година во Македонија