Лешница — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Лешница се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на планината Пирин, во сливот на реката Боджовска. Летата се топли и долги, а зимите се благи. Селото се наоѓа на надморска висина од 198 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.037 км2. Покрај селото во близина поминува магистралниот пат Е79 (Видин-Софија-Култа-Солун).
Историја Османлиско Царство
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лешница (Léchnitsa) е село со 16 семејства од кои 20 Турци и 20 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 55 жители, од кои 30 Турци и 55 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1936 година била изградена хидроцентрала Лешница, која го електрифицирала целото село. Постои проект за изградба на канализациски систем.
Културни знаменитости
Во Лешница има кметство, центар на заедницата со библиотека, мала капела и продавници. Здравствените и образовните институции се во соседниот град Свети Врач. Во селото има читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ со библиотека од 1800 тома литература.
Во селото се наоѓа црквата „Св. Козма и Дамјан“. Во селото има понуда за посетителите кои можат да бидат сместени во пријатни соби. Во близина на селото се наоѓа одморалиштето Сандански.
Население +Население на Лешница по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 390 612 613 565 652 822 903 838 769 668
+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 692 96,24% Роми 23 3,2% Вкупно 719 +Население по возраст од 2011 година:
Личности Ангел Ангелов (р. 1930), бугарски офицер Андон Анастасов (1837 – 1920), бугарски духовник Страхил Точев (р. 1932), бугарски архивист
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија