right|thumb|300x300px|Карта на суперјата и празнини најблиски до Земјата Суперјато — голема група од помали галактички јата или галактички групи кои се меѓу најголемите познати структури во космосот. Млечниот Пат е во месна група на галаксии поточно во суперјатото Ланијакеја. Ова суперјато е големо околу 500 милиони светлосни години (мсг), додека Месната Група е околу 10 мсг. Во досега испитаната вселена се верува дека има 10 милиони суперјата.

Галаксиите се групирани во јата наместо да бидат расфрлани без ред. Јатата на галаксии се групирани и заедно гормираат суперјата. Обично, суперјатата содржат дузина од поединечни јата на одреден простор од околу 150 мсг. За разлика од јатата, суперјатата не се споени поради гравитацијата. Сите тие се движат во спротивна насока едни од други поради законот на Хабл.

Нашата галаксија припаќа на Месната Група која е сиромашно и нерегуларно јато на галаксии. Сиромашните јата можат да содржат стотици, дури и илјадници галаксии. Месната Група е блиску до Месното Суперјато (уште познато како Девица) во пречник од 100 мсг. Месното суперјато содржи 1.015 пати повеќе маса од Сонцето.

Најголемото јато во месната вселена се нарекува „Големиот Привлекувач“ неговата гравитација е толку силна што Месното суперјато, во кое се наоѓа Млечниот Пат, се движи во негова насока со брзина од неколку стотици километри во секунда. Најголемото суперјато надвор од месната вселена е нишката Персеј-Пегаз. Во него ги содржи суперјатото Персеј кое е големо неколку милијарди светлосни години. Од тоа што досега е познато, тоа е најголемата структура во вселената. Ова суперјато било откриено од Давид Батунски и Џек Бернс од Универзитетот во Ново Мексико.

Распределеност: космички празнини и листови Спроведени се истражувања со цел да се разбере начинот на кој суперјатата се распоредени во просторот. Се користат мапи за да се прикажат позициите на 1,6 милони галаксии. Тридимензионални мапи се користат за да се разбере позицијата на овие суперјата. За да се прикажат тридимензионално на карта, за пресметување се користат позицијата на галаксијата на небото како и црвеното поместување на галаксијата. Црвеното поместување се користи со законот на Хабл, со цел да се прикаже нејзината тридимензионална позиција во просторот.

Од овие мапи е откриено дека галактичките суперјата не се распоредени памномерно низ целата вселена туку се чини дека се лежат по должина на нишки. Мапите откриваат голени празнини каде има само неколку галаксии. Некои темни галаксии или водородни облаци може да се пронајдат во некои празнини, но повеќето галаксии се најдени на листови помеѓу празнините. Празнините се често топчести но суперјатата не се. Тие може да се големи од 100 милиони до 400 мсг во пречник. Шемата на празнини и листови содржи информации за тоа како галаксиите се образувале во вселената.

Постои сунѓер теорија која често се користи и го споредува сунѓерот како модел на групи на галаксии во вселената — дупките се празнините а другите делови се местоположбата на суперјатата.

Постоење left|thumb|Суперјатото Ејбел 901/902 е сместено на малку повеќе од 2 милијарди светлосни години од Земјата. Постоењето на суперјатата покажува дека галаксиите во вселената не се рамномерно распоредени, повеќето од нив се привлечени во групи и јата, и тоа групите содржат околу дузина галаксии, додека јатата и до неколку илјадници галаксии. Тие групи и јата и друготе изолирани галаксии заедно прават ги прават големите структури — суперјатата.

Нивното постоење за првпат беше спомнато од страна на Џорџ Ејбел во неговиот Ејбелов каталог од 1958 г. за галактичките јата. Тој ги нарекува “јата од втор ред” или јата од јата.

Суперјатата прават масивни структури од галаксии, наречени “нишки”, “комплекси од суперјата”,”ѕидови” или “листови”, кои можат да се широки од неколку стотици до 10 милијарди светлосни години, да покриваат повеќе од 5% од видливата вселена. Набљудувањата на суперјатата ни кажуваат нешто за првата состојба на вселената кога се образувале. Насоките на вртежните оски на галаксиите во суперјатата исто така може да не информираат за процесот на раното образување на галаксиите во историјата на вселената.

Помеѓу суперјатата има големи просторни празнини во кои постојат неколку галаксии. Суперјатата често се поделени на групи јата наречени галактички облаци.

Список на суперјата

Блиски суперјата  Суперјато Податоци БелешкиЛанијакеја z = 0.000 Должина = 153 мпс (500 мсг)Ланијакеја е суперјато кое ги содржи Месната Група како и нашата галаксија Млечниот Пат.Девица z= 0,000 Должина = 33 мпс (110 мсг)Ги содржи Месната Група заедно со нашата галаксија. Исто така блиску до неговото средиште го има Девица, некогаш наречено Месното суперјато. Се мисли дека содржи повеќе од 47.000 галаксии.

 Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Девица и станува нова компонента на истото. Водна Змија-Кентаур Тоа е составено од две крила, понекогаш се наречени суперјата, или понекогаш целото суперјато е познато под две имиња  Водна Змија Кентаур

Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Водна Змија-Кентаур и станува нова компонента на истото. Персеј-РибиПаун-ИндијанецВо 2014 кажаа дека Ланијакеја го зазема суперјатото Паун-Индијанец и станува нова компонента на истото.Береникина КосаПовеќето облици на CFA џуџе, средиштето на галаксијата CfA2 Големиот ЅидВајар SCl 9Херкул SCl 160Лав SCl 93Змијоносец

cz=8500–9000 км/с (средиште) 18 x 26 мпсГо образува ѕидот на празнината во Змијоносец, може да е поврзано во нишка со суперјатата Паун-Индијанец и Херкул. Ова суперјато е во средиштето на cD Змијоносец јатото и има уште најмалку две галактички јата , 4 галактички групи.Шеплиево суперјато z=0,046 (оддал. 650 мсг)Второ по ред пронајдено после Месното суперјато.

Далечни суперјата  Суперјато Податоци Белешки Риби-КитВоловар SCl 138Часовник z=0,063 (700 мсг) Должина=550 MlyЦелото суперјато е познато како Часовник-МрежичкаСеверна Крунаz=0,07 ГулабВодолијаВодолија БВодолија-ЈарецВодолија-КитВоловар АДлето SCl 59ЗмејЗмеј-Голема МечкаПечка-ЕриданЖеравЛав АЛав-СекстантЛав-Девица SCl 107Микроскоп SCl 174Пегаз-Риби SCl 3Персеј-Риби SCl 40Риби-ОвенГолема МечкаДевица-Береникина Коса SCl 111

Многу далечни суперјата  Суперјато Податоци БелешкиРис z=1,27 Пронајдено во 1999 (како ClG J0848+4453, име кое сега се користи да се опише западното јато, со ClG J0849+4452 е источното) содржи најмалку две јата RXJ 0848.9+4452 (z=1,26) and RXJ 0848.6+4453 (z=1,27) . Во времето кога беше пронајдено, стана најдалечното познато суперјато. Седум помали групи на галаксии се поврзани со него. SCL @ 1338+27 при z=1,1 z=1,1 Должина=70 мпс Богато суперјато со неколку јата галаксии беше откриено на невообичаено место 23 QSOs при z=1,1 во 2001 г. Големинатана комплексот на јата може да насочува на ѕид од галаксии кој се наоѓа таму, наместо на едно суперјато. Големината пронајдена ја достигнува големината на нишката CfA2 Големиот Ѕид. Во времето кога било пронајдено било најголемото и најоддалеченото суперјато над z=0,5 SCL @ 1604+43 при z=0,9 z=0,91Ова суперјато во времето кога било откриено било најголемото јато најдено толку длабоко во вселената во 2000. Составено е од две богати јата и едно новооткриено јато како резултат на проучувањето. Тогаш познатите јата биле Cl 1604+4304 (z=0,897) и Cl 1604+4321 (z=0,924), за кои тогаш било познато дека имаат 21 и 42 познати галаксии. Новооткриеното јато е Сместено на 16 ч 04 м 25,7 с, +43° 14′ 44,7″. SCL @ 0018+16 при z=0,54 in SA26 z=0,54Ова суперјато лежи околу радио галаксијата 54W084C (z=0,544) и го сочинуваат најмалку три големи јата CL 0016+16(z=0,5455), RX J0018.3+1618 (z=0,5506), RX J0018.8+1602. MS 0302+17 z=0,42 должина=6 мпсОва суперјато има најмалку 3 јата, источно CL 0303+1706, јужно MS 0302+1659 и северно MS 0302+1717.

Дијаграм

Поврзано Ѕвездено јато Ѕвездено суперјато

Наводи

Категорија:Големоразмерна структура на вселената