Амарант (науч. Amaranthus) низ Македонија познат како стратор или украсен штир — род на растенија од семејството Amaranthaceae. Некои видови од овој род се едногодишни, некои се повеќегодишни.Schmid, Rudolf; Judd, Walter S.; Campbell, Christopher S.; и др. (1 October 2007). „Plant Systematics: A Phylogenetic Approach“. Taxon. 56 (4): 1316. doi:10.2307/25065934. ISSN 0040-0262. JSTOR 25065934. Ова е древна житна култура, се јадат сите нејзини делови, а денес се одгледува и како украсно растение.

Опис Амарантот е едногодишно растение од семејството Amaranthaceae, високо 20-80 см, со издолжени елипсести листови кои се жолтеникави или сивкасто со зелени нијанси, но можат да бидат и црвеникави. Цвета од почетокот на јуни до крајот на есента. Амарантот е пренесен во Европа од Северна Америка во трговските канали. Денес тој е распространет во европскиот дел на поранешниот Советски Сојуз, го има во Западен и Источен Сибир, Кавказ и Средна Азија.

Денес се разликуваат 65 вида на амарант.

Во антиката го нарекувале „златното жито на Бога“. Древните Руси живееле до длабока старост и во добра здравствена состојба благодарение на амарантот. Денес е отворен документ, според кој Петар Први им забранил на Русите да одгледуваат амарант и да употребуваат арамантов леб, кој бил главна храна на народот.

Морфолошките анализи на зборот амарант значат: Мара - е божица на смртта кај древните Руси и арии; префиксот значи негација - пример морален и а-морален. Па зборот амарант значи „ја негира смртта“, односно дава бесмртност. Воините носеле амарант со себе за време на тешките походи, бидејќи тој им давал сила, ги зајакнувал телата и нивниот дух; го користеле семето и листовите на растението.

Во Античка Индија со амарант ја лекувале кралската аристократија и го нарекувале „Рамазан“, што значи „надарен од Бога“.

Наводи

Категорија:Штирови