Свети Никола — главна селска црква во гостиварското село Балин Дол, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот крај на селото, на мала издигнатина на подножјето на планината Сува Гора. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Црквата била изградена околу 1870-тите години како што запишал истражувачот Јован Трифуноски, но според натписот на самиот ѕид при влезот во црквата, истата е подигната во 1853 година.

На местото на сегашната црква постоела мала црковна зграда.

Во 1995 година црквата е возобновувана и реновирана, а во нејзиниот двор е изградена и зграда со трпезарија и помошни простории. Црквата била осветена на 1 јуни 1997 година.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Балин Дол

Наводи

Надворешни врски

Балин Дол Категорија:Балин Дол