Црква „Св. Троица“ - Герман — главна селска црква во селото Герман. Се наоѓа во центарот на селото, заедно со другите селски установи, без други куќи наоколу. Околу нејзе се наоѓаат и стари гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1930-тите години. Црквата се наоѓа во лоша состојба поради влагата. Иконите во внатрешноста се видливо оштетени, како и внатрешните ѕидови, кои не се насликани со фрески.

Порано, околу црквата имало стари гробишта за кои не се знае кога и како се настанати.

Галерија

Поврзано

Кривопаланечко архијерејско намесништво Герман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Герман (Кривопаланечко) Герман