Поврзано Кујуџу (Кујуџи) Мурат-паша (околу 1520/1535 – 5 август 1611, Дијарбакир) – голем функционер на османскиот двор и војсководец, по потекло Хрват од БиХİsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 29. . Имал ќерка Фатма Хатун мажена за султанот Ахмед I. Нарекуван е и Мурат-паша Хрват според неговото потекло. Бил беглербег во Јемен, Караманија и во други делови на царството. Во Битката кај Егер во 1596 година за време на Втората австриско-турска војна од 1593 до 1606 година се истакнал, па наскоро е именувам за врховен заповедник на османската војска во Унгарија. Бил голем везир од 1606 (1603) до 5 август 1611 година.

Ги сузбил противосманските востанија во Мала Азија . Заради свирепоста која ја применувал со востаниците, наречен е „кујуџи“ (тур. кој копа јами). Фрлил десетици илјади човечки лешови во јами. Во Истанбул се наоѓа комплекс на Кујуџу Мурат-паша, а во Анталија џамија на Кујуџу Мурат-паша.

Наводи

Поврзано Список на големи везири на Отоманското Царство

Категорија:Родени во 16 век Категорија:Починати во 1606 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Босански отомански везири Категорија:Отомански Хрвати Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1611 година