Махмуд Недим-паша (~ – ) — османлиски државник грузиска народнсот.Buṭrus Abū Mannah (2001), Studies on Islam and the Ottoman Empire in the 19th century, 1826-1876, стр. 163. Isis Press, ISBN 975-428-187-4 Татко му Мехмед Неџиб-паша бил валија на Багдадскиот вилает.

Бил на неколку пониски државни функции во Високата порта, па потоа станал министер за надворешни работи, валија на Дамаскиот и Ајдинскиот (измирски) вилает, министер за трговија, па потоа и валија на Триполскиот вилает. Освен тоа, бил успешен и како министер за правда и министер за морнарицата во 1869 г., па потоа два наврата и голем везир (премиер), од 1871 до 1872 и 1875 до 1876 г.

Бил многу близок со султанот Абдул Азис, но и под големо влијание на рускиот амбасадор, генералот Николај Игнатјев пред Руско-турската војна. Поради оваа „послушност“ кон Русите го добил прекарод „Недимов“.

Се смета дека бил неуспешен како голем везир по сите основи, и дека е одговорен за издавањето на указот со кој се укинуваат каматите на паричните средства во земјата. Служел и како министер за внатрешни работи од 1879 до 1882 г.

Наводи

Категорија:Паши Категорија:Отомански чиновници Категорија:Отомански управители на Ајдин Категорија:Отомански управители на Сидон Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Отомански Грузијци Категорија:Министри за надворешни работи на Отоманското Царство