Стргач (, ) — планина на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија, денес во Бугарија и Грција. Претставува најниската планина во Рилско-родопскиот Масив.

Географски особености Местоположба, граници, големина Планината се протега на југ од Пирин, од кој е одделена со долината на Матница (десна притока на Места). На запад се поврзува со планината Славјанка (Алиботуш) преку седлото Падарчовица или Панаирска Ливада (720 м), а на исток преку седлото Митницата — со Бесленски Рид. На југозапад долината на реката Ватитопу ја двои од планината Црна Гора, а на југоисток долината на реката Милоревма — од планината Драмски Боздаг. На југ, падините Стргач се спуштаат стрмно кон Лиско-зрновската Котлина. Планината е долга околу 15, а широка 10 км. Поголемиот дел од неа се наоѓа на грчка територија. На бугарска страна, зафаќа , односно околу 40% од вкупната површина.

Релјеф, геолошка градба Со заоблените контури и слабо разгрането било, Стргач е смалена копија на соседната планина Славјанка. Највисока точка е истоимениот врв Стргач (1270 м) и се наоѓа на грчка страна (познат и како Кулата или Странгац), на 1 км јужно од границата. На бугарска територија, највисок е Асанов Врв (1217,7 м).

Стргач претставува хорст составен од метаморфни карпи од мермер, гнајс, лискунести шкрилци. По помали повшини се среќаваат и гранитот и кварцот.

Клима, почва, флора и фауна Поради близината на Егејското Море, климата е преодна средоземна. Најмногу врнежи, претежно од дожд, има во есен и зима. Снежната покривка речиси не се задржува. Почвата е претежно од црвеникавиот шумски вид, а во највисоките делови се среќава и кафеава шумска и ренѕинска почва.

Климатските и почвени услови на планината условиле создавање на специфична субсредоземна флора и фауна. Преовладува пониска растителност како црниот јасен, јоргованот, смрека, леската, белиот габер. На повисоките делови по границата со Грција има букова шума. Од животните се среќаваат дивата мачка, дивања свиња и дивиот зајак.

Населени места Самата планина не е населена, но на подножјата на бугарска и грчка страна има 1 град и 5 села. Во Пиринска Македонија — 2 села: Либјахово (Илинден ) и Нова Ловча; Во Егејска Македонија — 1 град Зрново (Като Неврокопи) и 3 села: Волково (Хрисокефалос), Везме (Ексохи) и Куманич (Дасото)Николов, В., Йорданова, М. Планините в България, София, 1997, стр.168-170.Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.11..

Поврзано Рилско-родопски Масив

Надворешни врски В Стъргач времето е спряло между две села Галерија на Стргач

Наводи

Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Пиринска Македонија Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Општина Хаџидимово Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Меѓународни планини во Европа