За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Пирамидалниот комплекс во Гиза (, "пирамиди во Гиза") е археолошко наоѓалиште во Гиза, во предградието на Каиро, Египет.
Овој комплекс на антички споменици вклучува три пирамидални комплекси познати како Големите Пирамиди, масовната скулптура позната како Големата Сфинга, неколку гробиштата, село на работници и индустриски комплекс. Тој се наоѓа во Западната пустина, околу 9 км западно од реката Нил во стариот град Гиза и околу 13 км југозападно од центарот на градот Каиро.
Пирамидите, кои историски биле често сметани за симболи на Стар Египет во Западната имагинација,Pedro Tafur, Andanças e viajes.Medieval visitors, like the Spanish traveller Pedro Tafur in 1436, viewed them however as "the Granaries of Joseph" (Pedro Tafur, Andanças e viajes). биле популаризирани во хеленистичкиот период, кога Големата пирамида била наречена од страна на Антипатар од Сидон една од Седумте светски чуда. Таа е најстара од античките чуда и единствената која сè уште постои.
Пирамидите и сфингата мини|Глетки, Објекти: Египет. Гизех [избрани слики]. Поглед 05: Сфингата и пирамидите., Њујорк. Музејски архиви на Бруклин мини|Пирамидите на Гизех. 1893 година. Египет ; хелиофравури по оригинални погледи. Вилбурска библиотека на египтологија. Бруклински музеј мини|Воздушна глетка северно од култивираната нилска долина со пирамидите во заднината мини|Францускиот археолог Август Мариет (седејќи на лево) и Педро II од Бразил (седејќи на десно) со други за време на посетата на пирамидалниот комплекс во Гиза од царот при крајот на 1871 година. Пирамидите во Гиза се состојат од Големата Пирамида на Гиза (исто така позната како Кеопсовата пирамида или пирамидата на Куфу - изградена околу 2560-2540 п.н.е..), малку помалата Пирамида на Кефрен неколку стотина метри југозападно и релативно скромната Пирамида на Микерин уште неколку стотини метри југзападно. Големата Сфинга се наоѓа на источната страна од комплексот. Моменталниот консензус меѓу египтолозите е дека главата на Големата Сфинга е таа на Кефрен. Во прилог на со овие големи споменици има и голем број на помали објекти, познати како "кралици" пирамиди, патишта на насипи и долински пирамиди.Verner, Miroslav. The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Grove Press. 2001 (1997).
Пирамидалниот комплекс на Куфу Пирамидалниот комплекс на Куфу се состои од долински храм, сега закопан под селото Назлет ел-Саман; базалтно поплочување и нумулитски ѕидови од варовник биле пронајдени, но местото не е екскавирано. Долинскиот храм беше поврзан со пат врз насип кој беше во голема мера уништен кога селото беше изградено. Патот водеше до гробниот храм на Куфу. Од овој храм базалтниот тротоар е единственото нешто што останува. Гробниот храм бил поврзан со царската пирамида. Кралската пирамида има три помали т.н. кралици-пирамиди кои се поврзани со него и пет бродски јами.Porter, Bertha and Moss, Rosalind L. B.. Topographical Bibliography of Ancient Egyptian Hieroglyphic Texts, Reliefs, and Paintings. Volume III. Memphis. Part I. Abû Rawâsh to Abûṣîr. 2nd edition, revised and augmented by Jaromír Málek, The Clarendon Press, Oxford 1974. PDF from The Giza Archives, 29,5 MB Retrieved February 10, 2017. Бродските јами содржале брод, а 2 дупки на јужната страна од пирамидата уште содржале цели бродови. Еден од овие бродови бил обновен и може да се виде. Пирамидата на Куфу уште има ограничена колекција на камења во својата база кои биле направени од бел варовник.
Пирамидалниот комплекс на Кефрен Пирамидалниот комплекс на Кефрен се состои од долински храм, сфингски храм, пат врз насип, гробен храм и царска пирамида. Долинскиот храмот содржал неколку статуи од Кефрен. Неколку биле пронајдени во бунар во подот на храмот од страна на Мариет во 1860 година. Други биле пронајдени за време на последователни ископувања од страна на Сиглин (1909-10), Јункер, Рејснер и Хасан. Комплексот на Кефрен содржал пет бродски јами и кралица-пирамида со сердаб. Пирамидата на Кефрен изгледа поголема од соседните пирамиди на Куфу врз основа на нејзината повисока локација и поостриот агол на наклон на изградбата—таа е всушност помала и во висина и во обем. Пирамидата на Кефрен исто така има истакнати камења на својот врв.
Пирамидалниот комплекс на Микерин Пирамидалниот комплекс на Микерин се состои од долински храм, пат врз насип, гробен храм и царска пирамида. Долинскиот храм еднаш содржал неколку статуи на Микерин. Во текот на 5-тата династија, помал анте-храм беше додаден на долинскиот храм. Гробниот храм исто така имал неколку статуи на Микерин. Кралската пирамида има три придружнички или кралици-пирамиди. Од четирите големи споменици, само пирамидата на Микерин се гледа денес без нејзината оригинална полирана варовничка обвивка.
Сфинга Сфингата датира од владеењето на кралот Кефрен.Riddle of the Sphinx Retrieved 2010. Во текот на Новото Царство, Аменхотеп II посветил нов храм на Хурон-Харемакет и оваа структура била доградена од страна на подоцнежни владетели.
Гробот на кралицата Кенткаус I Кенткаус I била погребана во Гиза. Нејзиниот гроб е познат како LG 100 и G 8400 и се наоѓа во Централното поле во близина на долинскиот храм на Микерин. Пирамидалниот комплекс на кралицата Кенткаус I вклучува: нејзината пирамида, една бродска јама, долински храм и пирамидски град.
Изградба Повеќето теории за изградбата се засноваат на идејата дека пирамидите биле изградени со поместување на огромни камења од каменолом и со влечење и кревање на истите на нивното место. Несогласувањата се однесуваат на методот со кој камењата биле пренесени и местени и калку можен бил методот.
Со градењето на пирамидите, можно е архитектите да ги развиле своите техники со текот на времето. Тие ќе одбрале место со релативно рамна површина од камен—не песок—која давала стабилна основа. По внимателно истражување на местото и редењето на првото ниво на камења, тие ги изградиле пирамидите на хоризонтални нивоа, едно врз друго.
За Големата пирамида, поголемиот дел од камењата за интериорот се чини дека биле донесени од јужниот дел на градилиштето. Мазната надворешност на пирамидата беше направена од бел варовник, кој беше донесен преку Нил. Овие надворешни блокови мораше да бидат внимателно израмнети, да се транспортираат преку реката до Гиза и да бидат влечени до рампите на градилиштето. Само неколку надворешни блокови останале на место на дното од Големата пирамида. Во текот на средниот век (од 5 век до 15 век), можно е луѓето да ги зеле другите за градење на нови градби во градот Каиро.
Да се осигура дека пирамидата ќе остане симетрична, во надворешната обвивка камењата сите морале да бидат еднакви по висина и широчина. Можно е работниците да ги означувале сите блокови за да го индицираат аголот на пирамидскиот ѕид и ги израмниле површините внимателно, така што блоковите се вклопувале заедно. За време на изградбата, надворешната површина од каменот била од мазен варовник; вишокот на камен еродирал со текот на времето.
Цел За пирамидите во Гиза и другите пирамиди се смета дека биле изградени за чување на остатоците од починатите фараони кои владееле со Древен Египет. Дел од фараонскиот дух наречен ка се верува дека останал со неговиот труп. Соодветна заштита на остатоцитете била потребна со цел "поранешниот фараон да ги врши своите нови обврски како крал на мртвите". Се теоризира дека пирамидата не само што служела како гроб за фараонот, но исто така и како јама за складирање на различни работи кои ќе му бидат потребни во задгробниот живот. "Народот на Стар Египет верувал дека смртта на Земјата беше почеток на патот кон следниот свет. Ембалмираното тело на кралот беше погребано под или во пирамидата за да го заштити и да се овозможи неговата трансформација и воздигнување во задгробниот живот."
Селото на работниците мини|Едно лице на Пирамидата на Кефрен во Гиза, покажувајќи блиско археолошко наоѓалиште Вадењето на камења од каменоломите, преместувањето, прилагодувањете и скулптирањето на камењата користени за изградба на пирамидите можело да се постигне со неколку илјади квалификувани работници, неквалификувани работници и помошни работници. Пекарите, столарите, превозниците на вода и други исто така биле потребни за проектот. Во прилог на методите кои се користиле за изградба на пирамиди, исто така постојат шпекулации во врска со точниот број на работници кои биле потребни за изградба на проект од ваква големина. Кога грчкиот историчар Херодот ја посети Гиза во 450 година година п.н.е., му кажале египетските свештеници дека "Големата пирамида била изградена од 400,000 мажи во период од 20 години, работејќи во смени од три месеци, 100.000 мажи истовремено." Доказите од гробниците укажуваат на тоа дека 10.000 работници кои работиле во смени од три месеци изградиле пирамида за околу 30 години.
Пирамидалниот комплекс во Гиза е опкружен со голем камен ѕид, надвор од кој Марк Лехнер и неговиот тим откриле град каде градителите на пирамидата биле сместени. Селото се наоѓало на југоисток од комплексите на Кефрен и Микерин. Меѓу откритијата за селото на работници биле комунални квартали за спиење, пекарници, пиварници и кујни (со докази кои покажуваат дека лебот, месото и рибата биле основни за исхраната), болница и гробиште (каде што некои од скелетите биле пронајдени со знаци на трауми поврзани со незгоди при градењето на пирамидата).I. E. S. Edwards The Pyramids of Egypt (1993) Градот на работниците се чини дека датира од средината на 4-тата династија (2520-2472 година п.н.е.), по времето на Куфу и по изградбата на Големата пирамида. Според Лехнер и неговиот тим; "Развојот на овој урбан комплекс сигурно бил доста брз. Сите изградби веројатно се случиле во тек од 35 до 50 години за време на владеењето на Кефен и Микерин, градители на Втората и Третата пирамида на Гиза". Без јаглеродно датирање, користејќи само грнчарија, печатни впечатоци и статиографија за датирање на местото, екипата понатаму заклучува; "Сликата што се јавува е таа на планирано населено место, со најраното светско просторно планирање, со сигурност датирано од владеењето на двете градители на пирамиди во Гиза: Кефрен (2520-2494 година п.н.е.) и Микерин (2490-2472 година п.н.е.)".
Гробишта мини|300x300пкс|Пирамидалниот комплекс во Гиза (карта) мини|300x300пкс|Пирамидалниот комплекс во Гиза од поголема височина Како што пирамидите биле градени, мастаби за пониските аристократи биле градени околу нив. Во близина на пирамидата на Куфу, главото гробиште е G 7000 кое се наоѓа во Источното поле сместено на исток од главната пирамида и покрај придружничките пирамиди. Овие гробишта околу пирамидите биле наредени до улици и патишта.Lehner, Dr. Mark, "The Complete Pyramids", Thames & Hudson, 1997. . Гробиштето G 7000 беше едно од најраните и ги содржело гробниците на сопругите, синовите и ќерките на владетелите од 4-тата династија. На другата страна од пирамидата во Западното поле, кралските синови Вепемнофрет и Хемиуну биле погребани во Гробиштето G 1200 и Гробиштето G 4000 соодветно. Овие гробишта биле дополнително проширени во текот на 5-тата и 6-тата династија.
Западно поле Западното поле се наоѓа на запад од Кеопсовата пирамида. Тоа е поделено на помали области, како што се гробиштата познати како Екскавациите на Абу Бакр (1949-50, 1950-1,1952 и 1953) и неколку гробишта именувани врз основа на бројот на мастабата како што се Гробиште G 1000, Гробиште G 1100, итн. Западното поле ги содржи и Гробиште G1000 – Гробиште G1600 и Гробиште G 1900. Понатаму гробиштата во оваа област се: Гробиште G 2000, G 2200, G 2500, 3000 G, G 4000, и G 6000. Три други гробишта се именувани по екскаваторите: Јункер Гробиште - Запад, Јункер Гробиште - Исток и Стајндорф Гробиште.