мини|десно|250п|Котлината Сариѓол со градот Кајлари Сариѓол () или Кајларско Поле — голема котлина во западна Егејска Македонија, денес во Грција. Оградена е на исток од планината Каракамен со краците Негушка Планина (Дурла) на североисток и Докса на југоисток. На југозапад се издига планината Сињак, а од северозапад е Нередска Планина (Вич). На југ Сариѓол преминува во Кожанското Поле, а на север се четирите езера — Рудничкото, Зазерци, Островското и Петерското, како и планините Мала Река и Мала Ниџе. Најважно населено место во котлината е градот Кајлари (Птолемаида).

Поврзано Кајларско Кожанско Поле

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Еордеја Категорија:Низини во Егејска Македонија