Фототранзистор со метално куќиште|мини|десно|130п

Фототранзистор – транзистор чија колекторска струја се менува под влијание на светлината која паѓа на него.д-р Чешелкоска В., д-р Попниколова-Радевска М., ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ЕЛЕКТРОНИКА, Министерство за образование и наука на Република Македонија, ISBN 978-608-226-293-2 (е-учебник), стр. 140 Заради таа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор) и засилувач. Битна особина на фототранзисторот е дека тој, за разлика од фотодиодата, освен детекција врши улога и на засилувач.

Фототранзисторот се изработува од полуспроводнички материјал како и обичниот биполарен транзистор. Базата на фототранзисторот е отворена за влез на светлината. Ако фотоните од светлината кои паѓаат се со доволно висока честота (доволна енергија) ќе створат струја на базата, која засилена станува значителна струја на колекторот. Со оглед дека базата е всушност детектор, фототранзисторите најчесто немаат посебен базен извод туку имаат само колектор и емитер.

Примена Заради брзата реакција на нивото на светлина, фототранзисторите се користат за поголемиот број на примени во оптоелектрониката. Постојат многу видови кои се осетливи на инфрацрвениот дел од спектарот. Пример за нивна употреба се оптичките изолациони парови (оптокаплери), сетилници на позиции (енкодери), бројачаи на производи на фабричка лента и др.

Материјал Како и за обичниот биполарен транзистор, и за фототранзисторот како материјал за изработка се користи силициумот (Si).

Постојат НПН и ПНП видови.

Симбол Симболот на фототранзисторот е прикажан на сликата. Симбол на фототранзистор|мини|десно|130п

Предности и мани Предности се ниската цена и брзата работа (во однос на фотоотпорникот). Маана е нешто побавното време на реакција од фотодиодата.

Наводи

Поврзано Оптоелектроника Фотоотпорник Фотодиода

Надворешни врски

Користење фототранзистор во робот за следење линии

Категорија:Електроника Категорија:Оптоелектроника Категорија:Транзистори Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми