ХНК Хајдук Сплит () e фудбалски клуб од Сплит, Хрватска. Тоа е најпопуларната спортска екипа во Сплит и една од најпопуларните во Хрватска. Клубот е основан во февруари 1911 во Прага од страна на студенти од Сплит. Во 2011 година Хајдук го одбележил 100-годишното постоење на клубот со голема прослава.
Во својата историја има освоено 17 државни првенства и 14 купови, a најголеми европски успеси му се трите четвртфиналиња во Шампионската лига и по едно полуфинале во УЕФА Купот и Купот на Победниците на Куповите.
Најлут противник на тимот е Динамо Загреб, со кој го игра популарното Вечно дерби. Меѓу другото овие два тима биле шампиони во 19 од вкупно 20-те одиграни првенства на Хрватска (Динамо 13 пати бил првак, Хајдук 6). Својте домашни натпревари Хајдук ги игра на стадионот Пољуд. Традиционално клубот најголема поддршка има во Далмација, но голем број на навивачи има и во останатите делови на Хрватска и во странство. Најголемата навивачка група, основана 1950 година, го носи името Торцида.
Титули Југословенско првенство : 7 1950., 1952., 1954/55., 1970/71., 1973/74., 1974/75., 1978/79.
Хрватско првенство : 6 1992., 1993./94., 1994./95., 2000./01., 2003./04. и 2004./05.
Куп на Хрватска : 8 1992./93., 1994./95., 1999./00., 2002./03., 2009./10., 2012./13., 2021./22., 2022./23.
Суперкуп на Хрватска : 6 1992., 1992/93., 1993/94., 1994/95., 2003/04., 2004/05.
Надворешни врски
Официјално мрежно место Торцида - Навивачка група на ХНК Хајдук Сплит Видеоблог - Навивачи на Хајдук Stara murva (na slici skroz desno gore) I campioni di Spalato un osso duro per tutti
Х Категорија:ХНК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалски клубови од Сплит