Валкенрид () — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на јужните падини на планинскиот масив Харц, околу 15 километри јужно од Браунлаге и 15 километри северозападно од Нордхаузен.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија Местоположба
Валкенрид се наоѓа на реката Вида. До повторното обединување на Германија, Валкенрид се наоѓал непосредно на внатрегерманската граница, која поминувала јужно и источно од општината. Валкенрид е призната воздушна бања.
Соседни општини Елрих 3 км Вида 5 км Бад Закса 6 км Бад Лаутерберг 16 км Нордхаузен 18 км
Историја
Селото првпат е споменато во 1085 година. Било најпознато како средиште на Валкенридскиот манастир, третиот цистерцијански манастир основан на територијата на германското говорно подрачје, во 1227 година и секуларизиран во 1668 година.
Моментално, манастирот е во руини и е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гетинген (округ)