Дванаесетаголник – многуаголник со дванаесет темиња и дванаесет страни.

Правилен дванаесетаголник Правилниот дванаесетаголник е дванаесетаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.

Внатрешните агли на правилен дванаесетаголник имаат по 150° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било дванаесетаголник изнесува 1800°.

Ако основната страна на правилниот дванаесетаголник е со должина , неговата површина ќе биде дадена со формулата:

Ако - е полупречник на опишаната кружница, а - полупречник на впишаната кружница, тогаш важи:

, и .

Периметарот на дванаесетаголник чија страна е со должина е еднаков на .

Конструкција Правилен дванаесетаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен дванаесетаголник. мини|300п|центар|Анимиран приказ на конструкција на дванаесетаголник со помош на шестар и линијар

Каде може да се види дванаесетаголник Постојат повеќе примери на монети кои имаат облик на дванаесетаголник: Австралиска монета од 50 центи Монета од 50 центи која се користи на Соломонските Острови, Тонга и Фиџи. Монета од 25 куни во Хрватска

Поврзано Многуаголник Правилен многуаголник

Надворешни врски

Дванаесетаголник на Mathworld Дефиниција и особини на дванаесетаголник со интерактивна анимација Конструкција на дванаесетаголник и сложувалка Анимирана трансформација на дванаесетаголник

Категорија:Многуаголници по број на страни Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ