Статијава се однесува на селото во Егејска Македонија. За областа во Средна Европа, погл. Лужица.
Лужица (, Трипотамос; книжевно: Τριπόταμον, Трипотамон, до 1927 година Λουζίτσα, Лузица,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Λουζίτσα -- Κάτω ΤριπόταμονΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Λουζίτσα -- Άνω Τριπόταμον) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во подножјето на планината Каракамен, на четири километри јужно од градот Бер. Традиционално, селото се дели на две маала, кои понекогаш се сметале и како две посебни села, Долна и Горна Лужица, како што и се опишани во книгата „Населените места во Егејска Македонија“ на Тодор Христов Симовски.
Двете села се наоѓаат во близина на патот кој води од Бер за Кожани.
Во Горна Лужица е зачувана црквата „Св. Никола“.
Историја Горна Лужица
Ова македонско село како и сите околни села, настрадало за време на Негушкото востание, а повторно е обновено по Првата светска војна. Повторно е споменато при создавањето на општината Топљани. Меѓутоа, иако Горна Лужица во 1927 година добило дури и ново грчко име, тоа понатаму не се споменува во пописот од 1928 година, па ни во подоцнежните пописи, едноставно затоа што се смета како дел од Долна Лужица. Всушност, двете села со текот на времето се споиле и се сметаат како една целина.
Долна Лужица
Долна Лужица е старо македонско село, уништено во времето на Негушкото востание од 1822 година. Обновено е веднаш по Првата светска војна, кога тука биле сместени 53 грчки доселенички семејства со 248 жители.
Стопанство
Населението се занимава со земјоделство. Произведува пченица, овошје и други производи, а дел од населението одгледува и добиток, особено крави.
Население
Во 1913 година било забележано со 250 жители, во 1920 година со 207 жители, во 1928 година со 269, во 1940 година со 412, во 1951 година со 384, во 1961 година со 427, во 1971 година 444, во 1981 година 462, а во 1991 година 458 жители.
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 542 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 553 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужица, во кој покрај Лужица се наоѓаат и селата Долно Куманич и Куманич.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Никола“ — црква во селото Горна Лужица Црква „Св. Атанасиј“ кај Лужица, на местото на некогашното село Дурмани
Поврзано Лужица — истоимена словенска област во Германија и Полска, која исто така се дели на Горна и Долна
Наводи
Категорија:Бер (општина)