Рахово или Рахова (, Рахи; до 1926 година: Ράχωβα, РаховаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράχωβα -- Ραχιά, до 1953 година Ραχιά, РахијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραχιά -- Ράχη) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 240 метри.

Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Дурла. Сместено е на левиот брег на реката Бистрица.

Селскиот атар се простира на 16 квадратни километри.

Историја

Селото уште од порано било населено со грчко население.

Стопанство

Населението се занимава со земјоделство, а произведува главно овошје, пченица и други земјоделски производи. Исто така, во мал обем е развиено и сточарството.

Население

Спирос Лукатос посочува дека јазикот на жителите во селото е „грчки“.Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927

На пописот во 1912 година, селото е забележано повторно со грчки јазик и христијанска вероисповед.

К’нчов и Бранков го спомнуваат селото со 150 грчки жители (како село Рајко), додека во 1913 година е забележано со 56, а во 1920 година со 115 жители. Малку подоцна, грчките власти тука сместиле 47 бегалски семејства со вкупно 164 жители, така што бројот на жителите во 1928 година пораснал на 268. Во 1940 година, Рахово имало 420, во 1951 година 481, во 1961 година 487, во 1971 година 433, во 1981 година 470, а во 1991 година 501 жител.

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 570 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 610 жители.

Знаменитости Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ од XII век

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рахи, во кој Рахово е единствено село.

Наводи

Категорија:Бер (општина)