ФК Торонто е кандски професионален фудбалски клуб од градот Торонто, Онтарио. Во моментов се натпреварува во Мејџор сокер лигата (МЛС), односно во нејзината источна конференција.
Клубот е основан на 11 мај 2006 со помош на моменталниот сопственик на клубот, компанијата Мејпл Лиф Спортс и Ентертејнмент, која исто така во своја сопственост држи и хокеарскиот клуб Торонто Мејпл Лифс и кошаркарскиот Торонто Репторс. Во 2007 година Торонто станал првиот канадски клуб во МЛС (американска лига во фудбал) и оттогаш учествувал во девет сезони, а најголемиот успех го постигнале во сезоната 2015 кога за првпат во историјата се пласирале во плејофот меѓутоа биле елиминирани во првата нокаут рунда од друг канадски клуб Монтреал Импакт. Во 2009 година Торонто за првпат го освоиле канадското првенство, а потоа истиот успех го повториле и следните три сезони (2010, 2011, 2012).
Својте домашни натпревари ФК Торонто ги игра на стадионот БМО Филд. Клубот настапува во црвени дресови и црвени шорцеви.
Историја ФК Торонто е основан од компанијата Мејпл Лиф Спортс и Ентертејнмент во 2006 година, кога и официјално било објавено името на клубот по добиените резултати од гласањето на навивачите преку слободна интернет анкета.
Својот прв натпревар во МЛС ФК Торонто го одиграл на 7 април 2007, кога биле поразени со 2-0 во Лос Анџелес од Чивас САД. Во првата сезона под водство на шкотскиот тренер Мо Џонстон, тимот завршил на седмото место во Источната конференција и не се квалификувал за плејофот).
Хронологија Сезона по сезона СезонаРегуларен дел од сезонатаПлејофКанадско првенствоКОНКАКАФ Лига на шампиони 2007 7º Исток; 13º Вкупно () Не се квалификувале N/A N/A2008 7º Исток; 12º Вкупно ) Не се квалификувале Вицешампиони Не се квалификувале2009 5º Исток; 12º Вкупно () Не се квалификувалеШампиони Преелиминарна рунда2010 5º Исток; 11º Вкупно () Не се квалификувалеШампиони Фаза по групи2011 8º Исток; 16º Вкупно () Не се квалификувалеШампиони Полуфинале2012 10º Исток; 19º Вкупно () Не се квалификувалеШампиони Фаза по групи2013 9º Исток; 17º Вкупно () Не се квалификувале Полуфинале Не се квалификувале2014 7º Исток; 13º Вкупно () Не се квалификувале Вицешампиони Не се квалификувале2015 6º Исток; 12º Вкупно () Нокаут рунда Полуфинале Не се квалификувале
Играчи Моментален состав
Играчи со најмногу настапи
Лига, МЛС куп, Канадско првенство и КОНКАКАФ Лига на шампиони
#ИмеЗемјаКариераМЛСМЛС купКПКЛШВкупно 1Ештон Морган 2011– 89 0 9 17 115 2Стефан Фреи 2009–13 82 0 11 6 99 3 Двејн Де Росарио 2009–11, 14 76 0 12 10 98 4=Џим Бренан 2007–10 84 0 7 2 93 4=Џулиан Де Гусман 2009–12 65 0 10 18 93 4=Донел Хенри 2010–14 70 0 12 11 93 7=Џонатан Осорио 2013– 85 1 6 0 92 7=Ричард Екерсли 2011–13 72 0 7 13 92 9Карл Робинсон 2007–10 74 0 8 2 84 10Чад Берет 2008–10 65 0 7 6 78
Со болд се означени играчите кој сѐ уште играат за клубот.
Играчи со најмногу голови
МЛС, МЛС куп, Канадско првенство и КОНКАКАФ Лига на шампиони
#ИмеЗемјаКариераВкупно 1Себастијан Џовинко 2015–2018 68 5 6 4 83 2Џози Алтидор 2015– 45 7 5 3 60 3Џонатан Осорио 2013- 24 2 5 4 35 4Двејн Де Росарио 2009–11, 2014 28 0 4 1 33 5Чад Берет 2008–2010 16 0 3 2 21 6Дани Куверманс 2011–2013 17 0 0 2 197Рајан Џонсон 2011–2012 10 0 2 6 18Виктор Васкес 2017–2018 16 2 0 0 189Џастин Мороу 2013- 16 0 0 0 16Тосејнт Рикетс 2016–2018 13 2 1 0 16
Со болд се означени играчите кој сѐ уште играат за клубот.
Тренерска историја
ТренерНацијаОдДоУспешностGWLTWin % Мо Џонстон 22 август 2006 1 февруари 2008 Џон Карвер 1 февруари 2008 25 април 2009 Крис Каминс (вршител на должност) 29 април 2009 24 октомври 2009 Преки 19 ноември 2009 14 септември 2010 Ник Дасовиќ (вршител на должност) 14 септември 2010 6 јануари 2011 Арон Винтер 6 јануари 2011 7 јуни 2012 Пол Маринер 7 јуни 2012 7 јануари 2013 Рајан Нелсен 7 јануари 2013 31 август 2014 Грег Вани 31 август 2014 денес
1. Вклучени се сите натпреварувања.
Титули Канадско првенство : 4 2009, 2010, 2011, 2012.
Трилиум куп : 2 2011, 2014
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Торонто ФК Торонто