Росен (, Ситарија, до 1926 година Ρόσνα, Росна) — леринско село во Егејска Македонија, Република Грција.

Географија и местоположба Селото Росен се наоѓа на ддесетина километри источно од Лерин, крај железничката пруга, расположено на надморска височина од 640 метри, крај реката Сакулева (Елешка). Со одлука од 1918 година тоа претеставувало самостојна општина во Леринската околија со атар кој опфаќал површина од 9 килокилометри квадратни.

Историја На основа на податоците запишани од Ѓорче Петров во 1896 година, селото Росен било чифлик во кое живееле 40 Македонци под духовенство на егзархијата. Во своите статистики од 1900 година К’нчов го споменува селото со 400 жители, а Милоевиќ со 50 македонски куќи. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Росен се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи. Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор. Селото било зафатено и со борби во познатата Граѓанска војна во Грција поради што 8 семејства и неколку поединци го напуштиле, пребегнувајќи во Македонија.

Стопанство Росен е мошне богато село чиишто главни производи се тутун, жито и грозје. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, најплодна и најскапа била земјата во атарите на селата Росен, Лажени и Попожани.

Население Селото Росен е населено само со Македонци и во етнички поглед не е променето сè до денес. Во пописот од 1913 година се попишани 552 жители, а во 1920 година 805 жители. Поради Граѓанската војна како и поради иселувањето во прекуокеанските земји забележан е незначителен пад на бројот на жителите, но сепак селото покажува извесна стабилност по Втората светска војна.

Иселеништво Поради Граѓанската војна во Грција селото го напуштиле 8 семејства и неколку поединци коишто се населиле главно во Македонија, но постои емиграција и во прекуокеанските земји.

Наводи

Категорија:Лерин