„Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ () — статистика издадена на француски јазик во Цариград во 1878 г. како прилог на тамошниот весник „Курје д’Оријан“, а подоцна и како посеба брошура. Книгата претставува статистички преглед на населението на Одринскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает според регистарот на данокот „бедел-и аскерие“ од 1873 г. Изготвена е од општествениците Методиј Кусев, Георги Груев и нивните помошници со цел да се застапува наводната бугарштина на Македонија и Одринско. Оваа статистика, позната како „егзархиска статистика“ е претставена на Цариградската конференција (23 декември 1876 - 20 јануари 1877 г.) и се користела при определување на границите на Санстефанска Бугарија во иредентистичкиот Санстефански прелиминарен мировен договор (1877).Маркова, Зина. Българската екзархия 1870 - 1879, Издателство на Българската академия на науките, София, 1989, стр. 226.
Делото излегло како реакција на трудот на Александар Синве „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“ (Грците во Османлиското Царство. Статистичко и етнографско проучување),Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878. кој имал за цел тенденциозно и со огромен број лажни податоци да ја преувеличи бројот на Грците во царството.
Во книгата за првпат се дадени подробни податоци за населението на трите вилаети според населените места и етничката припадност на жителите. Притоа, сите Македонци се претставени како „Бугари“ согласно големобугарската политика.
Во 1995 г. книгата е издадена на бугарски од Македонскиот научен институт под името „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ (Македонија и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.) со напореден изворен текст на француски и предговор на бугарски, англиски и руски.
Опфатени подрачја Одрински (Адријанополски) вилает Одрински (Адријанополски) санџак Одринска (Адријанополска) каза Штитска (Ускударска) нахија Адска нахија Чокенска нахија Монастирска нахија град Одрин (Адријанопол) Лозенградска (Киркилисенска) каза Каза Черноменска (Чирменска) каза Бабаескинска каза Бунархисарска каза Хафсанска каза Елховска или Кизилагачка, Хатунелска каза Узунќопру (Ергенска) каза Свиленградска (Мустафапашинска) каза Димотичка каза Текирдашки (Родостовски) санџак Визанска каза Малгарска каза Галиполски санџак Фереџичка каза Ѓумурџинска каза Битолски (Монастирски) вилает Санџак Монастир (Битола) Прилепска каза Леринска каза Ресенско-преспанска каза Кичевска каза Џумајска каза Охридска каза Битолска казаПодатоците се однесуваат само на градот и три вкупни бројки за 156 македонски, 21 турско и 3 влашки села. Горички (Корчански) санџак Костурска каза Солунски вилает Серски Санџак Серска каза Неврокопска каза Демирхисарска (Валовишка) каза Мелничка каза Зихненска каза Петричка каза Солунски Санџак Солунска каза Воденска каза Кукушка (Авретхисарска) каза Дебарска казаСтавена погрешно, бидејќи впрочем била дел од Косовскиот Вилает. Велешка (Ќупрулска) каза Струмичка каза Дојранска каза
Извори „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995
Наводи
Категорија:Книги за Македонија Категорија:Книги од 1878 година Категорија:Историја на македонскиот народ Категорија:Демографија на Македонија Категорија:Историја на Тракија Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија