мини|десно|180п|Светскиот ден на пантомимата се одбележува на денот на раѓањето на Марсел Марсо - 22 март Светски ден на пантомимата, познат и како Меѓународен ден на пантомимата — ден посветен на мимиката, пантомимата, немиот филм и невербалната комуникација, кој се одбележува на 22 март, денот на раѓањето на познатиот француски глумец и мимичар Марсел Марсо. Според Светската организација на пантомимичари, со овој ден пантомимата се празнува како „јазикот на мирот“.About World Mime Day, „Светска организација на пантомимичари“.

Историја Идејата за одбележување на „Светски ден на пантомимата“ потекнува од пантомимичарите Марко Стојановиќ, Офер Блум и Жан-Бернар Леклот.Glumac Marko Stojanović inicirao Svetski dan pantomime, „Blic“, 21 март 2012. Марко Стојановиќ и Офер Блум по нивното запознавање во 1998 година за првпат разговарале во врска со плановите за основање на Светска организација на пантомимичари и одбележување на Светски ден на пантомимата, кои тие во тоа време го нарекувале „Меѓународен ден на пантомимата“. Сепак, плановите на Стојановиќ и Блум останале нереализирани заради презафатеност со обврски во нивните кариери, така што идејата повторно била возобновена дури со основањето на Светската организација на пантомимичари во 2004 година.World Mime Day — Short history, „Светска организација на пантомимичари“.

По смртта на познатиот француски пантомимичар Марсел Марсо во 2007 година, Стојановиќ и Блум решиле со денот да го чествуваат ликот и делото на Марсо, така што планирале како таков да го прогласат родениот ден на Марсо - 22 март. Во април 2011 година, францускиот пантомимичар Жан-Бернар Лаклот во допис со Марко Стојановиќ дошол до истата идеја за прогласување на „Меѓународен ден на пантомимата“ (), со таа разлика што тој сметал дека е потребно да се одбележи денот на кој Марсо починал - 22 септември. Благодарение на иницијативата на Лаклот, на 22 септември 2011 година, во неколку земји во светот официјално бил одбележан првиот Меѓународен ден на пантомимата.

Светската организација за пантомимичари го смета 22 септември 2011 година за прв Светски ден на пантомимата, по што одбележувањето на денот продолжило на 22 март.

Поврзано Пантомима Светска организација на пантомимичари Марсел Марсо

Наводи

Надворешни врски About World Mime Day на официјалното мрежно место на Светската организација на пантомимичари.

Категорија:Празници во март Категорија:Светска организација на пантомимичари