Фернандо Гавирија Рендон (; р. ) — колумбиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кое добро познат како спринтер, а вози за UCI World Tour екипата .

Тој е познат како спринтер. Возејќи за колумбиската екипа, Гавирија го привлекол меѓународното внимание на Тур де Сан Луис 2015, каде го поразил поранешниот светски првак Марк Кевендиш во две спринтерски завршници. Негови први победи на некоја голема трка се случиле на Џиро д’Италија 2017. Тој е брат на велодромскиот велосипедист Хулијана Гавирија.

Кариера Рана кариера

мини|лево|Гавирија освојува спринтерска победа на Тур де Сан Луис 2015

Пред друмската кариера, Гавирија ги освоил трките во омниум и медисон на Светското велодромско јуниорско првенство 2012. Во 2014 година ја освоил друмската трка на Панамериканското првенство под 23 години. Исто така, настапил на Тур де л’Авенир 2014. Иако не освоил етапа, победил во масовниот спринт зад бегството на првата етапа и ја завршил трката втор во бодовниот пласман. Подоцна, истата година, победил на трка омниум во Лондон, како дел од Светскиот велодромски куп.

Прв поголем успех во друмскиот велосипедизам за Гавирија бил двете победи на Тур де Сан Луис 2015, една од поголемите трки на почетокот на сезоната. Освоил изненадувачка победа на првата етапа на трката, поведувајќи го својот спринт рано и поразувајќи го светскиот првак Марк Кевендиш од екипата . Кевендиш по трката изјавил дека не слушнал за Гавирија пред трката. Потоа, Гавирија ја освоил и третата етапа на трката, повторно победувајќи го Кевендиш. На крајот, Кевендиш ја освоил завршната етапа, додека Гавирија завршил втор.

По овие победи, имало извештаи дека неколку екипи го побарале Гавирија, вклучувајќи го , иако изјавил дека во сезоната 2015 ќе вози за колумбиската национална екипа. ПОдоцна, извештаите навеле дека негова екипа за 2016 година најверојатно ќе биде истата екипа како на Кевендиш, . Исто така, било откриено дека Гавирија бил препорачен во 2014 година на Патрик Лефевр, менаџерот на , но екипата одбила да потпише со него. По успехот на Гавирија на Тур де Сан Луис, Лефевр ова го нарекол „грешка“. Во февруари 2015 година, Лефевр објавил дека Гавирија ќе помине тестови со по Светското велодромско првенство, понатамошен чекор за договор во 2016. Лефевр исто така изјавил дека договорот не го спречува Гавирија да настапи на Летните олимписки игри 2016. По овие тестови, Гавирија потпишал договор за 2016 со , заедно со сонародникот Родриго Контрерас. Плановите на Гавирија да вози на Олимписките игри 2016 биле потврдени од Лефевр; исто така навел дека Гавирија можел да вози како стажант за екипата во текот на 2015 година.

Во февруари 2015 година, Гавирија настапил за Колумбија на Светското велодромско првенство во омниум. Иако не освоил ниедна од шесте трки, сепак бил постојан. Во завршната бодовна трка, успеал да избие напред во првиот круг; подоцна успеал да го држи најблискиот соперник, Елија Вивијани, и да ја обезбеди крајната победа за освојување на виножито-маичката.

Етикс-Квик Степ (2015-2018) uprightpx|мини|десно|Гавирија по победата на четвртата етапа на Трката околу Британија 2017

Гавирија го имал своето деби за Етикс-КвикСтеп како стажант во август 2015 година на РајдЛондон-Класик Сари 2015. Завршил осми, највисок пласман во екипата. Негова следна трка за екипата била Трката околу Чешка, каде Етикс-Квик Степ ја освоиле првата етапа, екипен хронометар. Следниот ден, Гавирија ја освоил својата прва поединечна етапна победа за екипата, победувајќи во помал масовен спринт. По оваа трка, следела Трката околу Британија, каде Гавирија успеал да освои една етапна победа пред неколку спринтери како Андре Грајпел и Елија Вивијани.

Сезоната 2016 ја започнал силно како и претходната сезона. Го освоил екипниот хронометар со екипата и уште една етапа на Тур де Сан Луис. Подоцна, паднал на трката со што бил спречен од уште една победа. Во февруари, освоил етапа и бодовен пласман на новата трка Тур Ла Прованс. Во почетокот на март станал првиот возач кој освоил два златни медали во омниум на Светското велодромско првенство со одбрана на титулата од претходната година. Ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико, негова прва победа во Светската турнеја.http://www.cyclingnews.com/races/tirreno-adriatico-2016/stage-3/results/

мини|десно|Гавирија по победата на четвртата етапа на Трката околу Британија 2017

Во 2017 година, бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017 и ја освоил третата етапа од Тортоли до Каљари во спринтерска завршница, освојувајќи ја розовата маичка. Подоцна ги освоил етапите 5, 12 и 13 во масовен спринт, што го направило прв Колумбиец со четири етапи на едно издание на Џиро д’Италија.http://www.steephill.tv/giro-d-italia/#spoiler Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018. Гавирија ја освоил првата етапа на Тур де Франс, започнувајќи го вториот ден во жолта маичка. Гавирија и другите спринтери како Андре Грајпел и Дилан Груневеген не успеале да ја завршат етапата 11, која била трета алпска етапа, во рамки на временската граница и биле елиминирани.http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-greipel-groenewegen-out-of-tour-de-france/ Гавирија ја скршил клучната коска на Трката околу Турција и морал да ја напушти трката, завршувајќи ја сезоната 2018. Кратко потоа било објавено дека Гавирија ќе се приклучи на екипата на тригодишен договор од сезоната 2019.http://www.cyclingnews.com/news/gaviria-signs-with-uae-team-emirates-for-three-years/ Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.

Достигнувања Велодромски

2012 1. 20п Светско велодромско јуниорско првенство - омниум 1. 20п Светско велодромско јуниорско првенство - медисон 2013 1. 20п Панамериканско велодромско првенство - омниум 2. 20п Панамериканско велодромско првенство - екипна потера 2014 1. 20п Средноамерикански и карипски игри - омниум 1. 20п Јужноамерикански игри - омниум 1. Коло 2 Светски велодромски куп - Лондон - омниум 2015 1. 20п Светско велодромско првенство - омниум 1. 20п Панамерикански игри - омниум 1. 20п Панамерикански игри - екипна потера 2016 1. 20п Светско велодромско првенство - омниум

Друмски

2013 1. 20п Боливарски игри - друмска трка 2014 1. 20п Панамериканско друмско првенство - друмска трка под 23 години 2. 20п Средноамерикански и карипски игри - поединечен хронометар 4. Средноамерикански и карипски игри - друмска трка 2015 1. Етапа 4 Трка околу Британија Тур де Сан Луис 1. Етапа 1 1. Етапа 3 Трка околу Чешка 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 2 8. РајдЛондон-Класик Сари 8. Панамерикански игри - поединечен хронометар 9. Панамерикански игри - друмска трка 2016 Тур де Сан Луис 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 2 Тур Ла Прованс 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 Трка околу Полска 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико 1. ГП Импанис-Ван Петегем 1. Париз-Тур 2. Гран Пиемонте 2. Фландриско првенство 6. Гент-Вевелгем 7. Хале-Ингоигем 10. Дварс дор Вландерен 2017 1. Фландриско првенство Џиро д’Италија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 5 1. Етапа 12 1. Етапа 13 Трка околу Гуангси 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 6 Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 Волта ао Алгарве 1. Етапа 4 Трка околу Британија 4. ГП Импанис-Ван Петегем 5. Милано-Санремо 8. Светско друмско првенство 9. Гент-Вевелгем 2018 Тур де Франс 1. Етапа 1 1. Етапа 4 Трка околу Калифорнија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 5 1. Етапа 7 Колумбија Оро и Пас 1. Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 1 Вуелта а Сан Хуан 2019 1. Етапа 3 Џиро д’Италија Трка околу Гуангси 1. Етапа 1 1. Етапа 5 Вуелта а Сан Хуан 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 2 Трка ОАЕ 2. Три дена Брухе-Де Пане 4. Минстерланд Џиро 2020 1. Џиро дела Тоскана Вуелта а Сан Хуан 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Етапа 7 1. Етапа 2 Вуелта а Бургос 1. Етапа 2 Тур ди Лимузен 7. Милано-Торино

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Колумбија Категорија:Колумбиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Колумбиски етапни победници на Тур де Франс