Алпразолам е анксиолитик од групата на бензодиазепини со кратко дејство. Во 2010 година бил 12. најмногу препишуван лек. Алпразолам, како и другите бензодиазепини, се врзува на специфични места на GABAA рецепторите. Поседува анксиолитички, седативни, хипнотичко, мускуло-релаксантни, антиконвулзивни и амнезични својства.

Во 2025, е дванаесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 674.000 рецепти.

Медицинска употреба Панично растројство Се користи во третманот на панично растројство, со или без агорафобија.

Анксиозни растројства Алпразоламот се употребува во третманот на анксиозни растројства или краткорочно олеснување на анксиозност или анксиозност асоцирана со симптоми на депресија.

Лошење и повраќање поттикнато од хемотерапија на рак Се употребува како дополнителна терапија во третманот на наузеа и повраќање поврзани со еметогена хемотерапија (вклучувајќи и цисплатин); моментално не се препорачува како монотерапија.

Може да биде корисен во третманот на антиципаторна емеза.

Фармакокинетика Алпразоламот се администрира орално, и добро се апсорбира – 80% од алпразоламот се врзува за белковините во серумот (поголемиот дел се врзува за албуминот). Концентрацијата на алпразоламот достигнува максимум после еден до два часа.

Алпразоламот се метаболизира во црниот дроб, претежно од ензимот цитохром P450 3A4 (CYP3A4). Двата главни метаболити се: 4-хидроксиалпразолам и α-хидроксиалпразолам, како и до неактивниот метаболит бензофенон. Ниските концентрации и малата потентност на 4-хидроксиалпразолам и α-хидроксиалпразолам покажуваат имаат многу мал или воопшто немаат придонес во ефектите на алпразоламот.

Метаболитите, како и дел од неметаболизираниот алпразолам, се филтрираат од бубрезите и се екскретираат со урината.

Наводи

Категорија:Бензодиазепини