thumb|right|300px|Штрбске Плесо Високи Татри (словачки и , ) — планински венец и највисокиот дел на Татрите и сите Карпати. Се наоѓаат северно од Ниските Татри од кои ги одвојува долината на реката Вах. Највисоката точка е Герлаховски Штит со 2.655 м.

Главниот дел со сите највисоки врвови на планината се наоѓа во Словачка. Нивниот највисок врв е исто највисокиот врв на Словачка. Тука се наоѓа и највисоката точка на Полска, врвот Риси. Многу ретки и ендемски животни и растителни видови живеат во Високите Татри. Големи живтони како што се мечка, рис, куна, волк и лисица живеат во планините.

Подрачјето е познато по зимските спортови. Најголемите ски-центри се Штрбске Плесо, Стари Смоковец, Татранска Ломница во Словачка и Закопане во Полска.

Татранскиот национален парк (Tatranský národný park) во Словачка бил основан во 1948 г. додека полскиот Татрански национален парк (Tatrzański Park Narodowy) во 1954 г.

Врвови Најпознатите планински врвови на Високите Татри се: Герлаховски Штит, 2655 м. Ломницки Штит, 2634 м. Мали Љадови Штит, 2632 м. Задњи Герлах, 2616 м. Риси, 2499 м. Кривањ, 2495 м. Копровски штит, 2363 м. Висока, 2547 м. Јахњаци штит, 2230 м.

Долини thumb|right|300px|Морско Око Во Високите Татри има 23 долини, повеќе на словачката страна.

Езера Најголемо, Морско Око со површина 34,50 ха, длабочина 50,8 м, 1395,4 м н.в., наоѓа се на полската страна. Најдлабоко е Вељке Хинцово плесо (20,08 ха, 53 м, 1.946 м) кое се наоѓа во Словачка. Многу популарни се Штрбске плесо и Попрадске плесо.

Водопади Најпознатите водопади се наоѓаат на Студени Поток. Најголем, но не највисок, водопад на полската страна е Сиклава. Неговата височина е 64-70 м, додека налон околу 35 степени.

Градови На територијата на Високите Татри наоѓа се единствениот град, Високи Татри кој е појдовна точка за патувања во Високите Татри.

Наука Во Високите Татре се наоѓаат две астрономските опсерватории на Словачка: опсерваторија Скалнате Плесо и опсерваторија Ломницки штит.

Поврзано Ниски Татри Западни Татри

Надворешни врски

UNESCO — Natural Reserves of Tatras Mountains Tatry.org: Tatry Open Directory Tatry.sk: Official town of High Tatry website TldTatry.sk: Tatra Cable Railways Summitpost.org: High Tatra Mountains High Tatra Mountains visualized in 3D 3D scan of Lomnický peak, one of the highest mountain peaks in the High Tatras mountains.

Слики VysokeTatry.com — разни карти од Високите Татри Butkaj.com: фотографии од селата во Високите Татри — после несреќата со бурата од 2004 година.

Категорија:Високи Татри Категорија:Планини во Словачка Категорија:Планини во Полска Категорија:Карпати