Турбе на Меси-бег — турбе кој се наоѓа во селото Банско, Општина Струмица.

Покрај турбето се наоѓа полуурнато минаре кое припаѓало на некоја џамија, и стари муслимански гробишта. Турбето припаѓа на затворените типови турбиња со квадратно решение на основата. Засводено е со купола и издигнато на низок многуаголен тамбур. Градено е во наизменично поставени редови од камен и тула, а завршува со венец изведен со камен. Турбето е покриено со стари ќерамиди. Надворешниот изглед на турбето делува мошне живописно и заедно со останатите стари гробишта и минарето се вклопува во околниот амбиент.

Галерија

Наводи

Категорија:Банско Категорија:Поранешни џамии Категорија:Џамии во Штипското муфтиство Категорија:Џамии во Општина Струмица Категорија:Турбиња во Македонија Меси-бег Категорија:Урнатини во Македонија