Свети Илија — македонска православна црква, сместена во дворот на клиниката Аџибадем Систина во подножјето на Зајчев Рид во Скопје.

Црквата е во катастарските граници на селото Злокуќани, Општина Карпош. Црквата е градена во поново време, односно со изградбата на самата клиника, која воедно служи за молитви на пациентите и нивните роднини и пријатели. Црквата е со помали димензии и е градена од камен. Истата е и живописана.

Галерија

Поврзано Аџибадем Систина — клиника; Зајчев Рид; Злокуќани;

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Скопје Зајчев