Милштатско Езеро (; ) или Миљско Езеро (Miljsko jezero) — езеро во сојузната покраина Корушка, во Австрија.
Географија
Се наоѓа на 588 метри надморска височина, северна од долината на реката Драва, во рамките на Норишките Алпи, масив на Централните Источни Алпи, близу градот Шпитал на Драва. Со површина од 13,3 км², Милштатското Езеро е најголемото езеро во Корушка (зад Вертерското Езеро), иако со длабочина од 141 метар е најдлабоко.
мини|лево|Милштатското Езеро со долината на Драва во позадина
Нејзиниот стрмен брег му дава на езерото облик на фјорд. Милштатските Алпи на север се издигаат до 2.100 метри и заштитуваат од студени ветрови, па така температурата на водата може да достигне до 25°С. Тесната и долга површина се протега 12 километри исток-запад. На југ се наоѓа шумата Хохгош, со широчина од 2 километри и надморска височина од 876 метри, го дели езерото од долината на Драва.
Името потекнува од градот Милштат (Миље) на северниот брег. Други општини близу езерото се Зебоден (Језерница) и Радентхајн-Дебријах (Раденче-Дебрије). Ублажениот јужен брег, заштитена област од 1970 година, е скоро ненаселена.
Геологија
Езерото потекнува од последното ледено доба, пред околу 20.000 години, кога северниот дел на ледникот Драва се стопил и езерото претставува остаток од него.
Милштатската област е дел од австроалпскиот дел, составена од гнајс и резерви на шкрилец со кварцит.
Лимнологија
Бројни потоци се влеваат во езерото, од кои Ригербах близу Дебријах е најголем. На западниот крај на краткиот поток Зебах ја води водата во реката Лизер, која е притока на Драва. Езерото со својата длабочина има чисти води со квалитет скоро на питка вода.
Рибарството, особено на пастрмка, била извор на храна и работа за жителите од древни времиња. Денес, спортското рибарство и обичниот риболов се особено вообичаени, не само за пастрмка, туку и за неколку други видови на риба.
Сообраќај
мини|Патнички брод
Милштатското Езеро може да се стигне преку станицата Шпитал-Милштатско Езеро на линијата Тауернска ќелезница со патнички воз преку Австриските сојузни железници (ÖBB). Автопатот Б98 води долж северниот брег на езерото, поврзувајќи го Тауернскиот автопат (А10) од Салцбург до Филах (дел од Е55).
Од 1901 година, бродскиот транспорт на езерото во лето е обезбеден со бродското претпријатие „Милштатско Езеро“, кое денес раководи со четири пловила.
Наводи
Надворешни врски
Корушки лимнолошки институт Приватни информации
Категорија:Езера во Австрија