Ецталски Алпи (; ) — планински венец во масивот Централни Источни Алпи, сместени во сојузната покраина Тирол, јужна Австрија, и покраината Јужен Тирол, северна Италија.
Географија
Ецталските Алпи се наоѓаат во долината на Ецтал, странична долина на реката Ин, југозападно од Инсбрук, Австрија. Една дел од врвовите ја создаваат границата помеѓу Австрија и Италија.
Ецталските Алпи се граничат со Решенски превој (1.504 м) на запад и реката Ин на северозапад и на север. На исток, венецот е одделен од Штубајските АЛпи од Ецталер Ахе во Ецтал, Тимелсјох (2.474 м) и реката Пасер во истоимената долина. На југ и југозапад, венецот е ограничен од длабоката долина на реката Еч, тука позната како Финшгау.
Во септември 1991 година, Еци, т.н. „Леден човек“ бил пронајден на Хауслабјох помеѓу врвовите Финајлшпице и Зимилаун.
Врвови
Највисоката точка на Ецталските Алпи е Вилдшпице (3.774 м)Höhe laut ÖK50 http://www.austrianmap.at/ , што е исто така втор највисок врв во Австрија (зад Гросглокнер). Вилдшпице е еден од неколкуте врвови кои се наоѓаат северно и североисточнот од главниот венец.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Планински венци во Австрија