Фридрих Хелдерлин (германски: Friedrich Hölderlin; 20 март 1770, Лауфен на Некар, Германија — 7 јуни 1843, Тибинген, Германија) — еден од најзначајните германски лирски поети од времето на романтизмот. мини|Портрет на Хелдерлин, дело на Франц Карл Хајмер Во денешно време Хелдерлиновата поезија се смета за едно од најголемите достигнувања на германската книжевност. Во негово време таа била малку позната и веднаш по неговата смрт заминала во заборав. Исто како и Гете и Шилер, неговите постари колеги, и тој бил искрен обожавател на древната грчка култура. Хелдерлин пишувал оди, химни и легии. Од 1805 година бил во лоша психичка состојба и останатите години од животот ги поминал живеејќи во една соба во поранешната градска кула во Тибинген. За тоа време пишувал поедноставна и поформална поезија за разлика од порано. Значајнни дела Патмос (Patmos), ова дело е химна Рајна (Der Rhein), химна Емпедоклеовата смрт (Der Tod des Empedokles), ова дело претставува недовршена драма. мини|десно|Гробот на Хелдерлин
мини|десно|Дел од делото „An die Madonna“, напишано со ракописот на Хелдерлин.
Влијание Хледерлин извршил непосредно влијание или претставувал вдахновение за бројни поети. Така, неговото име го носи една песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 102-104.
Наводи
Категорија:Германски поети Категорија:Германска книжевност Категорија:Родени во 1770 година Категорија:Починати во 1843 година