Е3 Харелбеке 2016 (службено Рекорд Банк Е3 Харелбеке) — 59. издание на белгиската велосипедска класична трка Е3 Харелбеке. Се одржала на 25 март 2016 година и претставувала шеста трка и втора еднодневна трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката започнала и завршила во Харелбеке, поминувајќи растојание од 206,4 км. Нејзино средиште биле ридовите низ фламанските Ардени, главно сместени во втората половина на трката. Главни фаворити за победа биле Петер Саган () и Фабијан Канчелара ().
Трката била освоена од Михал Квјатковски () кој го претекнал Петер Саган () по 30-километарско бегство од мала група на фаворити. Еден од нив бил Фабијан Канчелара () кој бил забавен од механички проблеми, но успеал да се врати назад. На крајот, Полјацот бил подобар во завршниот спринт и ја однел првата победа по Амстел Голд Рејс 2015. Ијан Станард бил најбрзиот во групата, завршувајќи единаесет секунди зад колегата.
Рута
мини|Калдрмисаното искачување Патерберг, најстрмно на целата трка
Е3 Харелбеке започнала и завршила во градот Харелбеке во Западна Фландрија. Главна потешкотија на трката биле петнаесетте искачувања — многу од нив со калдрма — кои биле присутни на целата трка; многу од нив биле истите од Трката околу Фландрија, вклучувајќи ги Ауде Кваремонт и Патерберг. Имало неколку промени од претходните години, со пократко растојание и помалку искачувања; Cycling Weekly поради ова ја прогласиле за полесна од минатото.
Рутата го напуштала Харелбеке на југоисток, поминувајќи ја реката Шелда кај Клејсберген и поминувајќи низ предградијата на Ауденарде. Првото искачување било Катеберг по 30 километри; потоа имало рамен дел од калдрмата — Падестрат — пред рутата да сврти на исток. Рутата поминала североисточно од Зотегем, потоа поисточно кај Нинове на 65 километри од почетокот. Тука патото се вратил на запад во фламанските Ардени. Второто искачување било Ла Уп, кое било на 115 километри; возачите потоа продолжиле кон Ронсе, на половина пат од трката, за калдрмисаното искачување Ауде Крејсберг. Потоа следеле седум искачувања: Кноктеберг, Хотондберг, Кортекер, Тајенберг (калдрма), Бењеберг, Ејкенберг (калдрма) и Статионсберг (калдрма). Од тука имало уште 57 километри и седум искачувања.
Следното искачување, Капелберг, дошла по 10 километри и веднаш по него следел Патерберг, најстрмното искачување со 700 метри калдрма и просечен наклон од 12% и делови од 20%. Потоа, следел мешан пат со калдрма од 4 километри, па искачувањето од 2,2 километри Ауде Кваремонт. Претпоследното искачување било Карнемелкбекстрат, 30 километри од целта. Од тука, рутата се враќала назад преку Шелта кон Харелбеке. Последното искачување, Тигемберг, дошло на 18 километри пред крајот. Последниот дел од трката бил рамен со завршен круг од 3 километри околу Харелбеке.
+ Категоризирани искачување на Е3 Харелбеке 2016 Број Име Растојание од целта () Подлога Должина () Просечен наклон (%) Максимален наклон (%) 1 Катеберг 176 асфалт 600 6,7% 8% 2 Ла Уп 112 асфалт 3440 3,3% 10% 3 Ауде Крејсберг 98 калдрма 800 4,8% 9% 4 Кноктеберг 89 асфалт 1530 5,3% 13,3% 5 Хотондберг 86 асфалт 1200 4% 8% 6 Кортекер 79 асфалт 1000 6,4% 17% 7 Тајенберг 74 калдрма 650 9,5% 18% 8 Бењеберг 66 асфалт 2180 5,8% 15% 9 Ејкенберг 63 калдрма 1200 5,5% 11% 10 Статионсберг 58 калдрма 460 3,2% 5,7% 11 Капелберг 47 асфалт 900 4% 7% 12 Патерберг 42 калдрма 700 12% 20% 13 Ауде Кваремонт 37 асфалт/калдрма 2200 4,2% 11% 14 Карнемелкбекстрат 31 асфалт 1530 4,9% 7,3% 15 Тигемберг 19 асфалт 1000 6,5% 9%
Екипи
25 екипи биле најавени како дел од трката: сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети; седум професионални континентални екипи добиле специјални покани. Во поканетите екипи биле и две белгиски екипи ( и ), две француски екипи ( и ), италијанска екипа (), холандска екипа () и германска екипа (). Секоја екипа можела да настапи со осум возачи. и настапиле со седум возачи, а возачот на Грег ван Авермат се повлекол поради болест, така што 197 возачи ја започнале трката.
Фаворити од пред трката
Првакот во 2015 година, возачот на Герајнт Томас, не бил присутен за одбрана на титулата; наместо тоа возел на Волта а Каталуња 2016. Петер Саган (), кој ја освоил трката во 2014 година, не возел, како и Фабијан Канчелара (), кој ја освојувал трката во три наврати во минатото, и Том Бонен (), кој го држел рекордот за најмногу победи, со пет. Канчелара возел на трката за последен пат, откако објавил дека сезоната 2016 ќе му биде последна како професионалец и бил во силна форма со победа на Страде Бјанке и хронометарот на Тирено-Адријатико 2016. Саган, моменталниот светски првак, исто така имал силни резултати, но немал никакви победи во 2016 година.
Иако Бонен не покажал силна форма, дошол на трката со силна поддршка. Неговите колеги Ники Терпстра, Здењек Штибар, Стејн Ванденберг и Матео Трентин, сите од нив можни победници на трката. И покрај отсуството на Томас, Скај имал силна екипа: тие ги имале Ијан Станард, Лук Роу и поранешниот светски првак Михал Квјатковски. Други можни победници биле Сеп Ванмарке (), Александер Кристоф (), Едвалд Боасон Хаген (Дименжн Дата), Јирген Рулантс () и Ларс Бом (). Грег ван Авермат исто така бил меѓу фаворитите, но не настапил трката поради болест.
Извештај од трката
По 40 километри од трката се создало бегство од осум членови. Во бегството биле вклучени Берт де Бакер (), Антоан Демоатје (Ванти-Груп Гоберт), Нико Денц (Аг2р-Ла Мондијал), Тони Ирел (Директ Енержи), Сјурд ван Гинекен (), Рето Холенштајн (), Џеј Томсон (Дименжн Дата) и Ваутер Виперт (). Го зголемиле своето водство на пет минути на 55 километри, но нивната предноста била намалена на помалку од четири минути со напорите на во главната група. Била намалена на помалку од две минути пред да стигнат на Тајенберг на 73 километри пред целта, кога Трек бил на чело на главната група.
На Тајенберг, Тиш Бенот (Лото-Судал) ја повел главната група, а Бонен бил зад него. Група од десет луѓе се одвоила од главната група на искачувањето, додека на Бенот и Бонен им се приклучиле Рулантс, Канчелара, Бом, Ванмарке, Даниел Ос (БМЦ) и тројца други возачи на Етикс-Квик Степ (Терпстра, Штибар и Трентин). На следното искачување, Бењеберг, задниот менувач на Канчелара паднал и на неговата екипа им требало повеќе од една минута да му го заменат неговиот велосипед, што го оддалечило од другите фаворити. Кратко потоа, бегството било достигнато од групата што ги бркала; заедничката група подоцна била достигната од друга група во која биле Саган и Квјатковски, со што се создала водечка група од 20 возачи, иако на Штибар наскоро му се дупнала гумата и отпаднал од групата. Во меѓувреме, Канчелара бил во група поведена од неговите колеги Јарослав Попович и Маркел Иризар на околу две минути зад нив.
Кога трката стигнала на Патерберг, разликата била околу половина минута. На искачувањето, Канчелара нападнал од групата, со Штибар зад него; во меѓувреме група од десет возачи се одвоила од водачите. По Патерберг и подоцна Ауде Кваремонт, Канчелара и Штибар стигнале до оваа група. На следното искачување, Карнемелкбекстрат, Саган и Квјатковски нападнале; во следните 5 километри го зголемиле своето водство на 20 секунди. Го зголемиле на 30 секунди на Тигемберг и на 36 секунди на последниот круг околу Харелбеке. Возачит на Етикс-Квик Степ биле приморани да бидат цело време на чело на групата зад нив, бидејќи ниеден од другите возачи не сакал да соработува.
По напори на Терпстра и Бонен, разликата започнала да се намалува. Разликата паднала на 11 секунди во последниот километар, но водечката двојка не била достигната. Квјатковски успеал да го изненади Саган и го започнал својот спринт на 300 метри пред целта. Саган не успеал да одговори и Квјатковски ја освоил трката, додека Саган завршил четири секунди зад него. Групата зад нив завршила 11 секунди, додека Станард го поразил Канчелара во спринтот за третото место.
Резултати
— Најдобрите десет возачи од вкупно 106, кои ја завршиле трката
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Е3 Саксо Банк Класик Категорија:Светска турнеја на UCI 2016 Категорија:Белгија во 2016 година