Георги Константиновски (, — , ) — македонски архитект.
Животопис
Георги Константиновски дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето, тој се вработил во Заводот за урбанизам при Народниот одбор на Скопската Околија. Во 1958 година, тој бил примен како асистент на Архитектонски отсек во Скопје по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Тука му завршила професионалната кариера како редовен професор во 1995 година. Во 1953 година, тој бил на стручно усовршување во бирото на архитектот Само Алмоснино и во Еврејската агенција за урбанизам во Израел, а во 1960 година во Белград во бирото на архитектот Рајко Татиќ. Магистрирал на Јелскиот универзитет, САД во 1965 година кај Пол Рудолф и Сергеј Чемаеф.
Работел во Њујорк во Бирото на Јо Минг Пеј, Хенри Коб и Аралдо Кауста. Тој е основач на прогресивната вонинституционална архитектонска група „Андерграунд“ во Скопје во 1968 година. По доаѓањето во Скопје, тој одржал поголем број предавања пред скопските архитекти за современата американска архитектура проследена со дијапозитиви, работејќи интензивно цели две години на пишување книга во којашто ги вклучува големите имиња на сите живи американски архитекти. Токму за оваа цел добил огромен материјал посебно од фотографии на нивни градби. Книгата со целокупниот материјал не биле никогаш да бидат објавени поради фактот што тогашниот директор на печатницата „Нова Македонија“ отсечно одбил да печати книги поврзани со американска архитектура.
Во матичната книга на Архитектонски факултет во 1965 година, се појавил на час по матичниот предмет каде се соочува со потешкотии во врска со нострификација на дипломата од Јелскиот Универзитет. Тој бил избран за доцент на Архитектонски факултет во 1972 година. Во периодот од 1968 до 1995, тој се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година, на Белградското триенале на светска архитектура, тој бил прогласен за најдобар архитект на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти.
Конкурси 1969-06г. Учествувал на 45 анонимни и повикани архитектонско урбанистички конкурси на коишто ги освоил првите награди за: 1969г. Студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје 1977г. Градското собрание на Скопје,(единствена) 1993г. Соборната православна црква во Струмица 1998г. Парламентот во Астана, Казахстан 2004г. Меморијалниот комплекс "АСНОМ" во Пелинце Автор е на поголем број пласирани трудови, како и на повеќе награди на југословенско ниво.
93 Реализирани објекти од кои позначајни се: мини|десно|Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје
1966г. Архив на Град Скопје 1967г. Дом за одмор и рекреација на пензионери во Катлановска Бања 1969г. Студентски дом "Гоце Делчев" во Скопје 1971г. Дом на печат во Приштина, Косово 1972г. Архив на град Штип 1974г. Архив на град Охрид 1978г. Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Скопје 1979г. Спомен дом на Разловечко востание во с.Разловци 1983г. Епархија, Струмичко-Повардарска во Велес 1988г. Административен објект "ЗОИЛ" во Струга 1989г. Станбени блокови на главната улица во Струга 1993г. Станбено-административен објект (Палата Унија)во Скопје 1994г. Трговско деловен објект Палата "Кузман" во Скопје 1995г. Станбен блок П+7+По на ул. "29 Ноември", Скопје 1996г. Дом за нега "Сју Рајдер" во Ѓорче Петров 2004г. Меморијален комплекс "АСНОМ" во Пелинце
Награди и признанија 1969г. Борбена плакета за Архивот на Скопје 1969г."11 Октомври" национална награда за архивот на Скопје 1972г. Борбина плакета за студентскиот дом "Гоце Делчев" во Скопје 1981г. Борбина плакета за Спомен домот на Разловечкото востание во Разловци 1995г. Големата награда на БИМАС за палатата "Унија" во Скопје 1999г. Наградата "Андреја Дамјанов" за животно дело 2004г. Големата награда на БИМАС за Меморијалниот музеј "АСНОМ" во Пелинце.
Галерија
Наводи
Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Модернистички архитекти Категорија:Бруталистички архитекти Категорија:Професори на Архитектонскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Апсолвенти на Јејл