Боже, благослови ја Латвија! () — државна химна на Латвија. Автор на текстот и музиката е Карлис Бауманис (1834–1904).
Композиција
Музиката и текстот биле напишани во 1873 година од Карлис Бауманис, наставник, кој бил дел од националистичкото движење Млади Латвијци. Се шпекулирало дека Бауманис можеби позајмил дел од текстот од популарната песна која била пеена во мелодијата на Боже, чувај го Кралот, менувајќи ја и правејќи сопствена музика. Стиховите на Бауманис биле различни од денешните: го користел терминот „балтски“ како синомим со „Латвија“ и „Латвијци“, па така „Латвија“ била спомната само на почетокот на првиот стих. Подоцна, терминот „Латвија“ бил повлечен и заменет со „балтски“ да се избегне забрана на песната. Ова довело до недоразбирање дека терминот „Латвија“ не бил дел од песната до 1920 година, кога бил избрана за државна химна и зборот „балтски“ бил заменет со „Латвија“.
Мелодијата на химната била осовременета со нова верзија во Ф-дур, која се користи од 2014 година, поранешната верзија во Г-дур била користена како најавна и одјавна шпица на дневниците на ЛТВ од 2011 до 2013 година.
Официјален текст Македонски превод Dievs, svētī Latviju!Mūs' dārgo tēvijuSvētī jel LatvijuAk, svētī jel to! (повторно)Kur latvju meitas ziedKur latvju dēli dziedLaid mums tur laimē dietMūs' Latvijā! (повторно) Боже, благослови ја Латвија!Нашата сакана татковинаБлагослови ја ЛатвијаО, благослови ја, те преколнуваме!(повторно)Каде латвиските ќерки цутатКаде латвиските синови пеатАјде таму да танцуваме среќноВо нашата Латвија!(повторно)
Снимки
Други употреби
Латвиската монета од 2 евра го носи натписот DIEVS SVĒTĪ LATVIJU на работ.
Поврзано Карлис Бауманис Знаме на Латвија Грб на Латвија Химна на Латвиската ССР
Наводи
Надворешни врски
Државната химна Верзија MIDI на Ризницата Латвија: Dievs, svētī Latviju! - Снимка на химната на Латвија, со информации и текстот
Категорија:Национални симболи на Латвија Категорија:Латвиска музика Категорија:Национални химни Категорија:Композиции во бе-дур