мини|Дел од делегатите на Првото заседание на АСНОМ. мини|десно| Формулари на легитимации за членовите на АСНОМ мини|десно|Поздравна телеграма до АСНОМ од 25-та дивизија на НОВ, Србија. (03.08.1944) мини|лево| Манастир Прохор Пчински, каде е одржано Првото заседание на АСНОМ: Поглед кон манастирот. мини|десно|Свечениот дел од отворањето на Првото заседание на АСНОМ со поздравна реч на Панко Брашнаров (2 август 1944)
Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во склоп на југословенската федерација. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и извршно тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.http://www.mn.mk/istorija/8276-Prvo-zasedanie-na-ASNOM
Организирање По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ,Писмо на Иницијативниот одбор за свикување на Антифашистичкото Собрание за Народно Ослободуване на Македонија (АСНОМ) се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за „Прохор Пчински“ на месни конференции од по 5 - 6 лица.
Текот на заседанието Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започнало со изведување на песната „Изгреј зора на слободата“. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија.
Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:
мини|десно|Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на Федерална Македонија (2 август 1944)
Работен дел на заседанието и донесени решенија По свечениот дел од заседанието, бил отворен работниот дел од заседанието, кое работело според следниот дневен ред:„АСНОМ: документи“, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том I, книга I, 126 стр.
Извештај на Иницијативниот одбор Борба против окуппаторот - реферат на Иницијативниот одбор Народно-демократската власт во Македонија (нејзината суштина, организација и задачи) - реферат на Иницијативниот одбор Решенија на АСНОМ Бирање на постојан работен Президиум на АСНОМ Бирање на членови на АВНОЈ
На Првото заседание на АСНОМ се донесени повеќе решенија меѓу кои и: Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, донесено е решение за формирање на Комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и комисија задолжена за изработување на законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНОЈ и во неговиот Президиум. За претставници во Президиумот на АВНОЈ се избрани: Димитар Влахов, Методија Андонов - Ченто, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски, Бане Андреев, Венко Марковски и Мара Нацева.
Од заседанието до македонскиот народ е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, како и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ.
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој фактички претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков, а за секретари: Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски.
Поврзано
Список на делегати на Првото заседание на АСНОМ
Наводи
Надворешни врски АСНОМ, Викиизвор Проглас од ЦК на Комунистичката партија на Македонија до македонскиот народ, 4 август 1944. АСНОМ прогласено за врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело
Категорија:АСНОМ Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонија во НОБ