Обедничица, позната и како Стара Река — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река.

Течение

мини|300п|лево|Уреденото корито на реката во селото Обедник

Течението на реката е меѓу планините Бигла и Орман, а неа ја образуваат реките Смилевска (со должина од 4,4 км) и Стара Смилевска (со должина од 3,8 км), кои извираат на надморска височина од околу 1.460 м. Водите на овие реки се влеваат една во друга под селото Смилево, со што реката понатаму продолжува да тече како Обедничица. По своето течение, таа поминува низ селата Обедник и Граиште. Нејзини леви притоки се Длабок Дол и Сува Река, а десна притока е Суводолска Река (со должина од 7,6 км). Во Црна Река се влева од нејзината десна страна, на надморска височина од 624 м.

Хидрографија

Обедничица е долга 19 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 87 км2 Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.460 м, додека при вливот во Црна Река е 624 м, со што релативниот пад изнесува 37,7‰.

Во рамничарскиот дел од течението на реката има алувијални почви кои се со длабок физиолошки активен слој, поволен механички состав, водно-воздушен режим и релативно поволни хемиски својства.„Природни ресурси “, Општина Демир Хисар, стр. 2.

Поврзано Смилевска Река Стара Смилевска Река Бигла (планина) Орман (планина) Смилево Обедник Граиште

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Смилево Категорија:Обедник Категорија:Граиште