Џон Сноу — измислен лик во Песна за мраз и оган, серија фантастични романи на американскиот автор Џорџ Р.Р. Мартин, како и на телевизиската адаптација Игра на тронови. Тој е истакнат лик во романите, и е прогласен за еден од „најдобрите творби" на авторот и еден од најпопуларните ликови од страна на Њујорк тајмс.
Во Игра на тронови, Џон е претставен како вонбрачен син на Нед Старк, господарот на Винтерфел, и полубрат на Роб, Санса, Арја, Бран и Рикон. Го глуми Кит Харингтон во серијата на HBO.
За ликот Џон го идеализира својот татко Нед, но не сфаќа зошто тој одбива да му каже која му е мајка. Уште на почеток на приказната, Џон има 14 години, и се чувствува како да не припаѓа во семејството. Тој се спријателува со еден бел волк, кој го нарекува „Дух“. Заминува на должност во братството „Ноќна стража“. Низ текот на серијата, Џон живее со „дивите“ од другата страна на ѕидот, во улога на шпион за „Ноќна стража“. Се вљубува во Игрит. Подоцна откако станува главен командант на „Ноќна стража“, Џон Сноу стапува во сојузништво со дивите.
Во јуни 2015 година, во последната епизода од петтата сезона, Џон е избоден до смрт од Алисер Торн и неколкумина други припадници на „Ноќна стража“. Во шестата сезона, Џон е воскреснат. Кит Харингтон по тој повод изјавил:
Наводи
Категорија:Песна за мраз и оган