Лука Дињ (; роден на , во ) – француски фудбалер, играч од одбраната на Астон Вила и на француската репрезентација.

Клупска кариера Лил thumb|left|Дињ како играч на Лил во 2012 година На 27 јули 2010 година, Дињ го потпишал својот прв професионален договор на три години со Лил (до јуни 2013 година), кој во јануари 2012 година бил продолжен до 2016 година. Во пресрет на сезоната 2011/2012, Дињ бил промовиран во сениорскиот тим и му бил доделен дресот со број 3. Професионалното деби го имал на 26 октомври 2011 година, на натпреварот со Седан во Купот на лигата во кој Лил победил со 6-1.

Париз Сен Жермен На 17 јули 2013 година, Дињ потпишал петгодишен договор со Париз Сен-Жермен за сума која се верува дека била околу 15 милиони евра.

Рома (заем) На 26 август 2015, фудбалскиот клуб Рома од италијанската Серија А, соопшти дека го позајмиле Дињ од ПСЖ на една сезона, со можност истата да премине во траен ангажман на крајот на сезоната 2015/2016. Дињ дебитирал за Рома на 30 август 2015 година, одигрувајќи го целиот натпревар против Јувентус на стадионот Олимпико, кој Рома го добила со 2-1.

Барселона На 13 јули 2016 година, Дињ потпишал петгодишен договор со Барселона од шпанската Примера дивисион. Вредноста на трансферот била 16,5 милиони евра, со можност да достигне 20,5 милиони во зависност од поединечните и тимските резултати. На 14 август 2016 година, Дињ за првпат се појавил во дресот на Барселона во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

Репрезентативна кариера

Дињ бил репрезентативец на Франција во селекциите П16, П17 и П18 години. Дињ бил дел од француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во фудбал 2014 во Бразил. Го носел дресот со број 17 и во третата група, еквадорскиот капитен Антонио Валенсија направил над него фаул за што добил директен црвен картон.

Титули Клупски Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026

Наводи

Надворешни врски

FC Barcelona official profile

Paris Saint-Germain official profile France profile

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026