Крис Хемсворт (роден на 11 август 1983 г.) — австралиски глумец.
Тој е најпознат по неговите улоги како Ким Хајд во австралиската ТВ серија Дома и на гости (2004) и како Тор во Марвеловите филмови Тор (2011), Одмаздници (2012), Тор: Мрачниот свет (2013) и Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (2015). Тој исто така се појавил во научнофанатастичниот филм Ѕвездени патеки (2009), авантуристичкиот трилер Совршено бегство (2009), комедијата на ужасите Колибата во шумата (2012), акционата фантазија Снежана и ловецот (2012), воениот филм Крвава зора (2012) и во биографско-спортската драма Трка на животот (2013).
Во 2015 година, тој глумел во акциониот трилер Хакер, имал улога во комедијата Летување: Нова генерација и толкувал главна улога во биографскиот трилер Во срцето на морето. Следната година, Хемсворт ја повторил улогата на ловецот во филмот Ловецот и ледената кралица и играл споредна улога во комедијата Истерувачи на духови.
Рани години Хемсворт е роден во Мелбурн, како син на Леони, учителка по англиски јазик, и Крег Хемсворт, советник за социјални услуги. Тој е роден како второ дете во семејството; неговите браќа Лук (постар) и Лијам (помлад) се исто така глумци. Неговата баба од таткова страна е имигрант од Холандија, а тој исто така влече англиски, ирски, шкотски и германски корени. Тој бил израснат во Мелбурн, Викторија и во Булман, Северна Територија. Тој се школувал на Колеџот Хитмонт пред неговото семејство повторно да се врати во Северна Територија, а подоцна да се пресели на островот Филип.
Личен живот Хемсворт започнал врска со шпанската глумица Елса Патаки на почетокот на 2010 година откако се запознале преку нивни заеднички пријатели, и се венчале во декември 2010 година. Парот има три деца: ќерка Индија Роуз (родена мај 2012 г.) и два близнаци, Тристан и Саша (родени март 2014 г.). Во 2015 година, семејството Хемсворт се преселило од Лос Анџелес во Бајрон Беј, Австралија.
Филмографија Филм
Година Наслов Улога Белешки 2009 Ѕвездени патеки Џорџ Кирк 2009 Совршено бегство Кејл 2010 Кеш Сем Фелан 2010 Оли Клаблерштарф против нацистите Чед Краткометражен филм 2011 Тор Тор 2012 Колибата во шумата Курт Вон 2012 Одмаздници Тор 2012 Снежана и ловецот Ловецот 2012 Крвава зора Џед Екерт 2013 Ѕвездени патеки: Во темнината Џорџ Кирк Глас, архивска снимка 2013 Трка на животот Џејмс Хант 2013 Тор: Мрачниот свет Тор 2015 Хакер Николас Хатавеј 2015 Одмаздници 2: Ерата на Ултрон Тор 2015 Летување: Нова генерација Стоун Крандал 2015 Во срцето на морето Овен Чејс 2016 Ловецот и ледената кралица Ловецот 2016 Истерувачи на духови Кевин 2016 Додека ти се тепаше Тор Краткометражен филм 2017 Тор: Рагнарок Тор Се снима
Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2002 Гвиневра Џонс Крал Артур 2 епизоди 2002 Соседи Џејми Кејн Епизода бр. 4,069 2002 Законот на Маршалови Дете Епизода: "Domestic Bliss" 2003 Коњички клуб Новиот ветеринар Епизода: "Tenderfoot" 2004 Фергус Макфејл Крег Епизода: "In a Jam" 2004–07 Дома и на гости Ким Хајд 185 епизоди 2006 Танц со ѕвездите Натпреварувач 5. место
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Австралиски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Мелбурн Категорија:Австралиски филмски глумци