Џон Мајкл Костерлиц (; Абердин, ) – британски физичар, професор на Универзитетот Браун. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Данкан Холдејн за неговите откритија во физика на кондензираната материјаThe Nobel Prize in Physics 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда. Со Холдејн добиле по четвртина од наградата, а Таулес добил половина од наградата.

Животопис Роден е во Абердин, Шкотска во доселеничко семјество на германски Евреи.

Образование Дипломирал и магистрирал на колеџот Гонвил и Кајус на Кембричкиот универзитет. Во 1969 година се здобил со докторат на колеџот Брејзноуз на Оксфордскиот универзитет.

Кариера После неколку постдокторски позиции, меѓу кои и на Универзитетот Бирминген каде што соработувал со Дејвид Таулес, и на универзитетот „Корнел“, тој во 1974 година бил назначен за предавач на Универзитетот Бирмингем, а подоцна и за доцент. Од 1982 година бил професор по физика на универзитетот „Браун“. Моментално Костерлиц е поканет истражувач на универзитетот „Алто“ во Финска.

Неговите истражувања се на полето на теорија на кондензирана материја, еднодимензионална и дводимензионална физика; во фазни транзиции: случајни системи, електронска локализација и спинови стакла; и во критична динамика: топење и мрзнење.

Од 1993 година тој е соработник на Американското физичко друштво.

Награди Нобелова награда за физика (2016) Максвелов медал и Награда на Британскиот институт за физика (1981) Награда „Ларс Онсагер“ на Американското физичко друштво (2000)

Наводи

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Шкотски физичари Категорија:Шкотски нобеловци Категорија:Луѓе од Абердин Категорија:Британски Евреи Категорија:Американски нобеловци Категорија:Британски нобеловци Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Родени во 1943 година