Дунаујварош (, порано ) — град во Унгарија, сместен во средишниот дел на државата. Дунаујварош е втор по важност град во рамките на жупанијата Фејер.
Спрема податоците од 2008 година градот има 62.286 жители.
Потекло на поимот Името Дунаујварош во превод од унгарски јазик значи „нов град на Дунав“.
Географија Дунаујварош се наоѓа во средишниот дел на Унгарија, во средишниот дел на Панонската Низина, на десниот брег на Дунав. Оддалечен е 75 км јужно од престолнината Будимпешта. Со главниот град Дунаујварош е поврзан со современ автопат.
Клима Климата во градот е умерено-континентална.
Историја мини|170 п|л|Градба на мостот преку Дунав Дунаујварош е еден од поновите градови во Унгарија. Изграден е во текот на педесеттите години, за време на социјализмот и индустријализацијата на земјата како потполно нов град покрај постојното гратче Дунапентеле.
Дунапентеле Ова подрачје било населено уште од древни времиња. Во времето кога западниот дел на Унгарија бил под власт на Римјаните под името Панонија, градот се вика Интерциса и бил на границата на провинцијата. Унгарците го покориле ова подрачје во почетокот на 10 век. Градот бил наречен Пентеле по грчкиот светец Пантелејмон.
Меѓу 1541 и 1688 година градот бил под власт на Османлиското Царство, кога е потполно уништен во текот на Петнаесетгодишната војна. За време на борбата за ослободување која ја предводел Ференц II Ракоци местото повторно било опустошено. Во 18 век почнува обнова и просперитет на населбата. Во 1833 година ова место добило статус на град.
Население Во следнава табела се дадени историски податоци за бројноста на населението: Година Жители1949 3.9491960 30.9761970 45.1291980 60.7361990 59.0282001 55.3092011 48.484
Во 2001 година Дунаујварош имал 55.309 жители (92,5% Унгарци, 0,6% Роми, 0,6% Германци, 6,3% други). Вероисповед: 38,9% католици, 8,3% калвинисти, 2% лутеранци, 37,8% атеисти, 0,2% други, 12,8% без одговор.
Збратимени градови Збратимени градови со Дунаујварош се: , Сремска Митровица , Линц , Силистра , Вилжуиф , Терни , Џурџу , Инегул , Алчевск
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Дунаујвароша en Панорами на Дунаујварош Новиот мост во Дунаујварош
Категорија:Градови во Унгарија Категорија:Населени места во жупанијата Фејер Категорија:Населени места на Дунав Категорија:Населени места основани во 1951 година