„Римски приказни“ (италијански: Racconti Romani) — збирка раскази на италијанскиот писател Алберто Моравија од 1954 година.

Содржина Збирката ги содржи следниве раскази:A. Moravija, Rimske priče. Beograd: Rad, 1964. Не истражувај Двојник Комедијант Возач на камион Мислител Акрепи Совршено злостроство На сила силеџија Пропаст на човештвото Пријатели без пари Бу, бу, бу Несреќен човек Тарзановата одмазда Ромоло и Ремо Болничарка Богатство

За збирката Збирката „Римски приказни“ се темели врз два елементи: прецизната слика на објективниот свет се соединува со егзистенцијалните и моралните проблеми на целата епоха. Затоа, неговите раскази се длабоко „римски“ и истовремено не се само „римски“. Од сведочењето за посебното тие преминуваат во сведоштво за општото, т.е. низ моралните, сентименталните и општествените проблеми на поединецот тие зборуваат за духовната пустош на една цела цивилизација, која е во знакот на конвенциите, формалностите и конструкциите. Неговиот стил е одраз на пластичноста на фантазијата, но и интимен јазик на мудроста и на зрелоста на интелектот. Ликовите во книгата се луѓе од крв и од месо, но и симболи, т.е. претставници на одделни делови од неговиот систем на идеи.Jugana Stojanović, „Alberto Moravija“ во: A. Moravija, Rimske priče. Beograd: Rad, 1964, стр. 107.

Наводи

Категорија:Дела на Моравија Категорија:Италијански раскази Категорија:Книги на италијански јазик Категорија:Книги од 1954 година