Свети Никола — главна селска црква во селото Рајца, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на видлива височинка од јужната страна на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Црквата била изградена во 1867 година.
Градба
Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во рамките на самото село, во ограден простор, заедно со селските гробишта. Црквата е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна.
Црквата била изградена во 1867 година, а во поново време на нејзината северна и западна страна биле доѕидани затворени тремови и било извршени малтерисување на фасадите. Влезовите кон внатрешноста се поставени на северниот и западниот ѕид.
Фрескоживопис
Живописот е сочуван од северната страна на наосот со претставата на „Св. Ѓорѓи“ и во двете ниши од североисточниот агол на олтарниот простор.
Кон северниот ѕид, на вратата од влезот во олтарниот простор, насликана е фигурата на Архангел Михаил.
Иконостас
Иконостасот на оваа црква се состои од едноставна дрвена конструкција со три реда на икони. Во средината се поставени царските двери врз кои е насликано Благовештението на Св. Богородица. Иконите потекнуваат од непозната зографска работилница од втората половина век.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Подмочанско-љубојнска парохија Рајца
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рајца Рајца