Крушевско-демирхисарска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Крушево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Јован Крушевско-демирхисарски, поранешен архиепископ на ПОА. Епархијата ги опфаќа границите на општините Крушево и Демир Хисар. Седиштето на епархијата е во крушевската црква „Св. Никола“.
До 2023 епархијата била една од четирите архијерејски намесништва на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Парохии Прва крушевска парохија; Втора крушевска парохија; Демирхисарска парохија; Сопотничка парохија; Слепчанска парохија; Бучинска парохија;
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Крушевско-демирхисарската епархија Канал на епархијата на YouTube
Категорија:Религијата во Крушево Категорија:Религијата во Демир Хисар