thumb|right|150px|Храна, а не оружје Храна, а не оружје () — движење на луѓе кои спремаат и бесплатно делат вегетаријанска и веганска храна на гладните и се противат на војните. Настанување Прва ваква група се оформила во Кембриџ, Масачусетс, во 1980 година од страна на активисти на анти-јадрени движења. Храна, а не оружје е потполно волонтерска организација која е посветена на ненасилството. Нема водач и настојува секој да може да се вклучи во процесот на донесување одлуки. Секоја група набавува храна која инаку би била фрлена и спрема свежи, готвени, вегетаријански оброци кои се послужуваат во градските паркови, на секого, без ограничување. Исто така се послужуваат бесплатни вегетаријански оброци на протести и останати случувања. Филозофија Сржта на нивната филозофија е да се нахранат гладните, а постојат четири столбови на кои се заснова: ненасилство; вегетаријанство; рециклирање храна; одлучување со консензус. Поборниците на оваа филозофија исто така веруваат и во: ако сите влади и корпорации ширум светот би потрошиле подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што трошат на војна, никој не би бил гладен. на светот има доволно храна за сите, но многу од тоа се фрла, како директна последица на капитализмот и милитаризмот. вегетаријанската храна е воедно здрава и ненасилна.

Категорија:Активизам Категорија:Пацифизам