Тибо Куртоа (роден на во Бре, Белгија) — белгиски фудбалер, голман на и на белгиската репрезентација.
Биографија Роден во Лимбург од татко Тјери Куртоа, валонец од Ене, и мајка Гите Ламбрехтс, фламанка од Билзен, двајцата одбојкари; благодарение на ова потекло, тој носи презиме од француско говорно подрачје, но во исто време зборува течно и холандски јазик. Тој е помлад брат на Валери, либерото на женската одбојкарска репрезентација на Белгија.
Од 2023 година, тој е сопственик на автомобилски тим, ТЦ Рејсинг, основан во соработка со шпанскиот возач Роберто Мерхи.
Технички карактеристики Голман со комплетен репертоар, без посебни слабости, се издвојува по чувството за поставеност, карактерните квалитети и способност за високо излегување од голот, овозможено од неговиот значителен раст. Извонреден е и на линијата благодарение на одличните рефлекси, способен е да одбрани дури и во ситуации еден на еден со противничкиот напаѓач.
Клупска кариера Генк Својата кариера ја започнал во локалниот клуб Близен, како лев бек. Набргу потоа, во 1999 година, тој се приклучил на на седумгодишна возраст и токму таму бил претворен во голман.
Своето деби за Генк го направил на 17 април 2009 година, во домашниот натпревар против кој завршил 2-2; на крајот на сезоната, и покрај тоа што бил спореден актер, го освоил својот прв трофеј, националниот куп на Белгија. На 29 јули 2010 година, тој го направил своето деби во европските купови, на гостувањето кај финскиот Интер Турку во Лига Европа, кој завршил со убедлива победа на белгијците од 1-5. Во својата трета и последна година во Генк, сезоната 2010-2011, тој бил редовен стартер на голот и протагонист во освојувањето на белгиското првенство.
Атлетико Мадрид thumb|upright|left|Куртоа со Атлетико Мадрид во 2013 Со ипресивните одбрани во последна сезона во Генк, го привлекол интересот на англискиот , кој го купил на 26 јули 2011 година и потоа веднаш го позајмил на шпанскиот клуб . Првично натпреварувајќи се да го преземе наследството на Давид де Хеа со поискусниот Серхио Асенхо, Куртоа го имал своето деби за Атлетико во натпреварот од Лига Европа против Виторија Гимараеш, додека неговото деби во Примера Дивисион дошло на 28 август 2011 против , кое завршило 0-0. Добрите настапи кои ги понудил на стартот од сезоната дефинитивно му гарантираат стартно место. На 26 ноември 2011 година, го добил првиот црвен картон во кариерата за време на дербито против , поради професионален фаул над Карим Бензема. На 9 мај 2012 година, во Букурешт, со Куртоа на голот, Атлетико ја освоил Лига Европа, победувајќи го со 3-0 во финалето.
Позајмицата на Куртоа во Мадрид била обновена за сезоната 2012-2013. На 31 август, тој го започнал натпреварот од Суперкупот на УЕФА 2012, во кој популарните Атлети го победиле Челси со 4-1. Втората сезона во Шпанија, ја завршил со освојување на Купот на Шпанија.
Позајмицата на голманот меѓу Атлетико и Челси била обновена и за следната година: овој пат се вметнува клаузула од 3 милиони евра која шпанците би требало да ја платат на англичаните доколку двата тима повторно се сретнат, а играчот уште еднаш се сретнал против тимот во чија сопственост се наоѓа; сепак, УЕФА го прогласила договорот за ништовен во април 2014 година, кога Куртоа и Колчонеросите повторно се нашле против Сините за полуфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи било оценето дека е штетно за интегритетот и прописите на спортското натпреварување. Куртоа го напуштил Атлетико на крајот на сезоната, откако играл во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон, кое тој и неговите соиграчи го загубиле по продолженија од градскиот ривал Реал Мадрид. Неколку дена претходно, ремизирајќи 1-1 на Камп Ноу против Барселона, Атлетико го освоил шпанското првенство по 18 години.
Челси
Во летото 2014 Куртоа се вратил во Челси, веднаш добивајќи го стартното место во тимот. Дебитирал за Сините на 18 август 2014, во рамките на првото коло од Премиер лигата 2013-2014, против на Трф Мор, натпревар кој Челси го добил со 3-1 и покрај тоа што првиот гол го постигнале домаќините преку Скот Арфилд кој го совладал Куртоа во 14-тата минута. Во следниот натпревар, тој ја сочувал својата мрежа сува, во победата со 2-0 над . На 1 март 2015 година, Куртоа го освоил првиот трофеј со Челси, кога Сините го совладале Тотенхем со 2–0 во финалето на Лига купот, во натпревар во кој Куртоа останал неискористена замена за Петр Чех; Неколку месеци подоцна, Челси триумфирал и во првенството, за кое Куртоа придонел со 32 настапи и голем број на важни одбрани.
Следната сезона, Куртоа бранел во поразот со 1-0 од Арсенал во ФА Комјунити Шилд, а шест дена подоцна, на отворањето на кампањата во Премиер лигата во натпреварот на домашен терен против Свонзи Сити, тој добил директен црвен картон за направен прекршок за пенал врз Бафетимби Гоми. Откако ја отслужил суспензијата, на 23 август, тој му одбранил удар од белата точка на Џејмс Морисон, во победата со 3-2 на гостувањето кај . На 16 април 2016, во натпреаварот на домашен терен против , тој повторно бил ислучен по прекршокот што го направил над Фернандињо, станувајќи шесттиот голман во историјата на Премиер лигата кој двапати бил исклучен во рамките на една сезона.
Во сезоната 2016-2017, под водството на новиот тренер, италијанецот Антонио Конте, Куртоа со Челси го освојува својот втор наслов во Премиер лигата. Бранејќи во 36 од 38-те натпревари на клубот, тој успеал да ја сочува својата мрежа во 16 натпревари, што му било доволно да ја освои наградата Златна ракавица на Премиер лигата. Куртоа, исто така, играл во финалето на ФА Купот, кое Челси го загубил со 2–1 од Арсенал.
Реал Мадрид
На 8 август 2018 година, Куртоа се вратил во Мадрид, овојпат потпишувајќи за Реал, со што му се исполнила желбата да биде поблиску до својте деца. Своето деби за клубот го направил на 1 септември 2018 година, во победата со 4–1 над Леганес.
Во следните години со Los Blancos тој триумфирал три пати во шпанското првенство - изедначувајќи се со Хосе Луис Перес-Паѓа, како единствени играчи што го освоиле шпанското првенство со двата големи мадридски тима но, пред сè, го освоил оној трофеј што му недостасувал во карерата, со освојувањето на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022 кога во финалето на 28 мај во Париз бил победен (1-0).
Пред почетокот на сезоната 2023-2024, Куртоа доживеал руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на тренинг, повреда поради која бил принуден да се подложи на операција и да ја пропушти целата сезона. Тој се вратил на терените за последните натпревари од сезоната во која бил заменет – ефективно – од „дванаесеттиот“ играч Андриј Лунин, учествувајќи само како спореден актер во успехот на Мадрид во првенството. Сепак, во пресрет на Финалето на УЕФА Лигата на шампионите, болеста што му се јавила на Лунин, значела дека повратникот Куртоа ќе застане меѓу стативите: на 1 јуни во Лондон против (2-0), белгискиот голман имал забележителен настап со сува мрежа, освојувајќи ја својата втора титула во кариерата во Лигата на шампионите.
Репрезентативна кариера
Својот прв повик во белгиската репрезентација Куртоа го добил на 3 јуни 2011 година, за натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2012 против , но не влегол во игра. Во октомври истата година, повторно бил повикан за следните натпревари од квалификациите против и , но и во двата наврати останал на клупата.
На 15 ноември 2011 година, тој го направил своето деби во пријателскиот натпревар против (0-0), со што станал најмладиот играч кој заиграл за националниот тим.
Набргу потоа, тој станал редовна "единица" меѓу стативите на голот на Белгија, бранејќи во сите 10 натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, чувајќи ја својата мрежа сува во шест од нив. Давајќи важен придонес за неговата земја да се квалификува, Куртоа бил повикан во тимот и за самиот Мундијал во Бразил во јуни 2014, каде бил на голот во сите пет натпревари на Белгија на турнирот на патот на репрезентацијата до четвртфиналето каде била елиминирана од со 1-0.
Кон крајот на деценијата, тој бил повикан за Европското првенство 2016 во Франција, кое за Белгијците завршило со нова елиминација во четвртфиналето (овојпат подобар бил со 3-1), и за Светското првенство 2018 во Русија, каде со својата репрезентација стигнал до историското трето место, совладувајќи ја во утешното финале и последователно бил награден како најдобар голман на турнирот.
Во 2021 година, тој бил избран да ја претставува Белгија на завршницата на Европското првенство 2020, одложено за една година поради пандемијата на КОВИД-19, на кое белгиската репрезентација била елиминирана во четвртфиналето од подоцнежниот шампион . Повикан следната година и за Светското првенство 2022 во Катар, тука тој го одбележил 100-тиот настап за националниот тим за време на натпреварот против (0-0) во групната фаза на 1 декември, кој исто така ја означил и елиминација на црвените ѓаволи од натпреварувањето.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 јуни 2023.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2008-2009 ПЛ 1 -2 КБ 0 0 - - - - - - 1 -2 2009-2010 ПЛ 0 0 КБ 0 0 ЛЕ 0 0 СБ 0 0 0 0 2010-2011 ПЛ 30+10Плејоф. -27 + -12 КБ 1 -2 ЛЕ 3Во квалификациските кола. -6 - - - 44 -47Вкупно Генк 41 -41 1 -2 3 -6 0 0 45 -49 2011-2012 ПД 37 -41 КШ 0 0 ЛЕ 15Еден настап во квалификациските кола. -9 - - - 52 -50 2012-2013 ПД 37 -29 КШ 8 -5 ЛЕ 0 0 СУ 1 -1 46 -35 2013-2014 ПД 37 -24 КШ 5 -5 ЛШ 12 -10 СШ 2 -1 56 -40Вкупно Атлетико Мадрид 111 -94 13 -10 27 -19 3 -2 154 -125 2014-2015 ПЛ 32 -30 ФАКуп+ЛК 0+2 -1 ЛШ 5 -4 - - - 39 -35 2015-2016 ПЛ 23 -29 ФАКуп+ЛК 3+0 -4 ЛШ 3 -4 КШ 1 -1 30 -38 2016-2017 ПЛ 36 -28 ФАКуп+ЛК 3+0 -4 - - - - - -39-32 2017-2018 ПЛ 35 -34 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ8-12КШ1-146 -47Вкупно Челси 126 -121 10 -9 16 -20 2 -2 154 -152 2018-2019 ПД 27 -36 КШ 1 -2 ЛШ 5 -8 СУ+Скп 0+2 -2 35 -48 2019-2020 ПД 34 -20 КШ 0 0 ЛШ 7 -11 СШ 2 -1 43 -32 2020-2021 ПД 38 -28 КШ 0 0 ЛШ 12 -14 СШ 1 -2 51 -44 2021-2022 ПД 36 -29 КШ 1 -1 ЛШ 13 -14 SS 2 -2 52 -46 2022-2023 ПД 31 -29 КШ 5 -5 ЛШ 10 -11 СУ+СШ+Скп 1+2+0 0 + -4 + 0 49 -49 2023-2024 ПД 0 0 КШ 0 0 ЛШ 0 0 СШ 0 0 0 0Вкупно Реал Мадрид 166 -142 7 -8 47 -58 10 -11 230 -219Вкупно во кариерата 444 -398 31 -29 93 -103 15 -15 583 -545
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Белгија2011102012602013702014130201560201614020178020181502019902020202021130202260202320Вкупно1020
Титули
Клупски
Прва лига на Белгија : 1 2010-2011 Куп на Белгија : 1 2008-2009
Примера Дивисион : 1 2013-2014 Куп на Шпанија : 1 2012-2013 Лига Европа : 1 2011-2012 Суперкуп на Европа : 1 2012
Премиер лига : 1 2014-2015 Лига куп : 1 2014-2015
Примера Дивисион : 3 2019-2020, 2021-2022, 2023-2024 Куп на Шпанија : 1 2022-2023 Суперкуп на Шпанија : 2 2020, 2022 Лига на шампиони : 1 2021-2022, 2023-2024 Суперкуп на УЕФА : 1 2022 Светско клупско првенство : 1 2018
Наводи
Надворешни врски
Тибо Куртоа на soccerway Тибо Куртоа на transfermarkt Тибо Куртоа на espn Тибо Куртоа на whoscored
Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026