Мал Диомид (: Инупијатски: Iŋaliq, порано познат како Крузенштернов Остров — остров во Алјаска, САД. Овој остров е помал од двата Диомидови Острови сместен во централниот дел на Беринговиот Проток помеѓу брегот на Алјаска и Сибир.

Соседскиот остров на Мал Диомид, Голем Диомид, е нешто помалку од 3,9 километри на запад, и е дел од Русија како и меѓународната датумска граница. За разлика од соседскиот руски Голем Диомид, Мал Диомид задржал месно население. Според пописот од 2010, Мал Диомид имал популација од 110 жители, 68 помалку од својот рекорд, 178 во 1990.Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017, citing 1990 U.S. census Островот во целост припаѓа на градот Диомид (Инупијатски: Iŋaliq што значи „другиот“ или „она таму“).Local Economic Development Plan for Diomede 2012-2017 Островот не е дел од никаква организирана област, па затоа некои од услугите се пружаат непосредно од централната власт. За пописни цели, островот е вклучен во пописната област Ноум.

За време на Студената војна, делот од границата помеѓу САД и Советскиот Сојуз која ги дели Голем и Мал Диомид била позната како „Ледена Завеса“. Сепак во 1987, Лин Кокс испливала од Мал до Голем Диомид (растојание од 3,5 километри) и ѝ било честитано од двајцата водачи на САД и СССР, Роналд Реган и Михаил Горбачов.

Поврзано Голем Диомид Берингов Проток

Наводи

Категорија:Острови во Алјаска