Вурден () — град и општина во централна Холандија. Поради неговата географска положба, која се наоѓа помеѓу четирите најголеми холандски градови Амстердам, Ротердам, Хаг и Утрехт, Вурден е одлично поврзан со останатите делови на земјата, и е најпогодно место за живот за сите оние што работат во претходно наведените градови, но не сакаат да живеат во нив. Спрема последните податоци од 2014 г. Вурден има 50.607 жители.

Историја Реката Стара Рaјна течела низ центарот на градот на Вурден, но во 1960 година реката била пренасочена околу центарот на градот. Градот има долга и богата историја во правењето и трговијата со сирење; долги години сирењето гауда, како за домашна така и за меѓународна употреба е произведувано во овој регион. Вурден уште го држи својот автентичен пазар на сирење (од 1885) во центарот на градот.

Современо време Во 1989 година имало прекројување на провинциските граници, и како резултат на тоа Вурден од Јужна Холандија е префрлен во провинцијата Утрехт. Во 2015 година, бегалскиот центар во градот, бил сцена на насилен напад од 20 маскирани луѓе, кои употребувале огномети и ги уривале оградите.

Географија

Вурден е сместен на западно од провинцијата Утрехт во центарот на Холандија.

Вурден се граничи со општините Де Ронде Венен (на север), Стиштце Вехт (североисток), Утрехт (исток), Монтофорт (југ) во провинцијата Утрехт и Бодегравен-Реувајк (југозапад) и Неувекоп (северозападно) во провинцијата Јужна Холандија.

Најголеми населени места во општината се Де Meије, Хармелан, Камерик, Канис, Вурден и Зегвелд.

Познати жители Јан де Бекер (1499–1525), Протестантски маченик Херман ван Сваневелт (1603–1655), сликар Херман де Ман (1898–1946), романописец Ари ван Вилт (1916–2001), велосипедист Петер Прајдекер (роден 1948),пливач во слободен стил Симоне Ангел (роден 1971), ТВ водител и пејач Естер Вергер (роден 1981), тенски играч ви инвалидска количка Анук Хогендајк (роден 1985), фудбалер Елен ван Дајк (рпдена 1987), професионален велосипедист

Училишта во Вурден Калсбег Колеџ Минкема Колеџ Футура Колеџ

Сообраќај Железничка станица Вурден

Железнички несреќи Несреќа на Вурденска железничка станица (ноември 1960), несреќа со британски воз (двајца мртви, 10 повредени) Хермеленска железничка несреќа (јануари 1962), фронтален судир, најлошата железничката несреќа во историјата на Холандија (93 погинати)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Утрехт (покраина) Категорија:Населени места во Утрехт (покраина)