Ева Кири (француски: Ève Denise Curie Labouisse, родена на во - починала на во ) — француска писателка.

Биографија

Ева Кири е родена на во како втора ќерка на Пјер Кири и Марија Кири. Во 1937 година ја издала биографската книга за својата мајка „Мадам Кири“, која била екранизирана во 1943 година. Нејзиниот живот бил поврзан со Нобеловата награда бидејќи нејзините родителите и нејзината сестра ја добиле Нобеловата награди во научната област, а нејзиниот сопруг, Хенри Ричардсон Лабуис, ја добил Нобеловата награда за мир. Во текот на 15 години тој бил претседател на УНИЦЕФ.

Ева Кири завршила високо образование во 1925 година и одреден период била пијанист. Откако ја објавила биографијата на својата мајка (3 години по нејзината смрт), таа пишувала различни есеи на тема музика, театар и кино.

Во 1940 година, по поразот на Франција во војната, таа побегнала во Англија, каде помагала на сојузниците до крајот на војната. Таа посетувала различни земји во Европа и Азија и и го напишала патописот „Journey among warriors“.

Во 1954 година таа се омажила за Хенри Ричардсон Лабуис, а во 1958 година станала американски државјанин. Двајцата со сопругот посетиле над 100 земји. Сопругот починал во 1987 година, додека таа на 22 октомври 2007 година на 102 години.

Надворешни врски

Ève Curie's biography Ève Curie's in Encyclopedia of World Biography

Obituary from The Times, October 26, 2007 Obituary from The Daily Telegraph, November 8, 2007

Категорија:Француски писатели Категорија:Американски писатели Категорија:Офицери на Легијата на честа