Ларс Свен „Ласе“ Халстрем (роден на 2 јуни 1946 г.) — шведски филмски режисер.

Тој најпрво станал познат по режисирањето на речиси сите музички спотови на поп групата АББА, а подоцна започнал да режира долгометражни филмови. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар режисер за Мојот живот како куче (Mitt liv som hund) (1985) и подоцна за Животот нема правила (1999). Негови други познати режисерски дела се Што го јаде Гилберт Грејп (1993), Чоколада (2000) и Ловење лососи во Јемен (2011).

Ран живот Халстрем е роден во Стокхолм, Шведска. Неговиот татко бил стоматолог а негова мајка била писателката Карин Либерг (1907–2000). Неговиот дедо од мајкина страна, Ернст Либерг, бил Министер за финансии во првиот кабинет на Карл Густаф Екман (1926–1928) и водач на Шведската либерална партија (1930–1933).

Личен живот Халстрем се венчал со водителката и глумица Малу Халстрем (починала 3 февруари 2005 г.) во 1974 година, со која имал еден син, Јоан (роден во 1976 г.). Парот се развел во 1981 година. Во 1990 година тој ја запознал глумицата Лена Олин; тие се веначале на 18 март 1994 година. Парот живее во Бедфорд, Њујорк, и одгледува две деца, Тора (родена 1995 г.) и дете од првиот брак на Лена Олин, Ф. Август Рамберг (роден 1986 г.). Тие исто така имаат дом на Стокхолмкиот архипелаг.

Халстрем е вегетаријанец.Randy Cordova, "Lasse talks 'Hundred Foot Journey'," The Arizona Republic, 5 август 2014.

Филмографија

1975 – Дечко и девојка 1977 – АББА: Филм 1979 – Иден татко 1981 – Петелот 1983 – Две момчиња и една девојка 1985 – Мојот живот како куче 1986 – Децата од Бучносело 1987 – Повеќе за децата од Бучносело 1991 – Еднаш околу 1993 – Што го јаде Гилберт Грејп 1995 – Нешто да има да се зборува 1999 – Животот нема правила 2000 – Чоколада 2001 – Поморски вести 2005 – Неизживеан живот 2005 – Казанова 2007 – Трик 2009 – Хачико: Кучешка приказна 2010 – Драги Џон 2011 – Ловење лососи во Јемен 2012 – Хипнотизер 2013 – Прибежиште 2014 – Индиски зачин на француски начин 2017 – Цел на кучето

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Шведски режисери